12 интересни научно докажани факти

Со огромниот број на информации од сомнителни „здравствени гуруа“ и разни надрилекари, станува сè потешко да се верува нештата кои што ги читаме во врска со здравјето.

Меѓу оние информации, пак, кои се легитимни и научно потврдени, има многу невообичаени.

1) Јајцата може да ги подобрат рефлексите



Јајцата содржат аминокиселина тирозин, коja телото ја синтетизира во норепинерфин и допамин – соединенија кои ја зголемуваат енергијата, будноста и го подобруваат расположението. Една студија од Холандија открила дека ефектот на тирозинот врз распонот на внимание е толку голем што би можел да ги замени лековите кои можат да создадат зависност, како Риталинот.

2) Повеќе од половината коски во телото се во длаките и стапалата

Во човечкото тело има 206 коски, од кои 106 се во дланките и стапалата - 27 во секоја дланка и 26 во секое стапало.

3) Јадењето домати може да спречи изгореници од сонце

Доматите содржат антиоксиданс ликопен, кој функционира како природна одбрана од ултравиолетовото зрачење и ги зголемува одбранбените карактеристики на кожата против овие зраци за 30%. Студија од 2017-та вели дека консумирањето на домати може и да го намали ризикот од кераноцитен карцион, еден вид на рак на кожата. Инаку, ликопенот го има и во лубеницата, бабурите, грејпфрутот и др.

4) Масирањето на лузните помага во нивното избледување



Едноставното масирање на областа каде што се лузните неколку пати дневно го спречува таложењето на вишок колаген, кој ги зацврснува и здебелува лузните.

Растегнувањето на кожата околу лузните, пак, помага во подобрување на нејзината еластичност во оштетениот регион.

5) Мирисот од јаболката може да ја спречи клаустрофобијата

Мирисот на зеленото јаболко може да ја промени перцепцијата за просторот, правејќи ги во нашата глава поголеми отколку што се. Студија од 1995-та открила дека мирисот на краставицата има сличен ефект, а мирисот на чадот од скара го има спротивниот ефект.

6) Според кожата може да се процени дали некој има покачен холестерол

Високиот холестерол се манифестира на кожата – нерамномерни реони со жолта боја наречени ксантелазма се појавуваат околу очите и очните капаци.

7) Физички активните трудници имаат попаметни деца

Интелигенцијата е делумно наследна, но доколку сакате да ги зголемите шансите за интелигентно дете, физичката активност може да помогне. Кога вежбаме, телото ослободува ендорфини и кортизол, две хемикалии кои го поттикнуваат растот на мозокот во фетусот, а зголемениот крвоток исто така помага во развојот на бебето. Студија од 2013-та покажала дека вежбање од само 20 минути дневно, 3 пати недело, е доволно да се зголеми мозочната активност кај новороденчињата.

8) Физичката активност во детството го забавува влошувањето на здравјето на коските во староста



Вежбањето е клучно за здрава функција на телото на секоја возраст, но е особено важно во младоста. Како што детските коски се развиваат, редовното вежбање може да ги зацврсне и да ги направи посилни, подебели и поиздржливи. Бидејќи остеопорозата и губитокот на коскената маса се случува кај сите кога ќе стигнат до зрелото доба, вежбањето во младите години помага за одржување на нивното здравје и цврстина што подолго.

9) Банкоматите и јавните тоалети се подеднакво нечисти

Англиски истражувачи со земање на примероци од банкомати и јавни тоалети утврдиле дека и кај обете нивото на бактерии било исто.

10) Премногу шеќер ги влошува симптомите на ПМС

Симптомите на ПМС се предизвикани од промените во нивото на хормоните, на кои, пак, влијае исхраната.

Консумирање на големи количини рафинирани шеќери ја зголемува продукцијата на инсулин во телото, што како резултат ја зголемува и продукцијата на репродуктивните хормони естроген и тестостерон, зголемувајќи го интензитетот на менструалните болки. Променливото ниво на инсулин исто така создава стрес врз телото што доведува до дополнителна продукција на кортизол, хормонот кој е одговорен за подуеноста.

11) Учењето на нов јазик или инструмент ја подобрува функцијата на мозокот



Разни истражувања потврдиле дека без разлика на годините, учењето на нов јазик или свирење на некој инструмент ја подобрува мозочната функција, ја подобрува меморијата, концентрацијата, будноста, па дури и интелигенцијата.

12) Шопингот на високи потпетици помага за помалку трошење пари

Истражувачи од Универзитетот Brigham Young откриле дека оние кои биле во шопинг со високи потпетици имале зголемено чувство за рамнотежа, а со тоа правеле и подобар избор кога станува збор за трошењето пари.

Овие купувачи почесто избегнувале производи со екстремно ниски и екстремно високи цени и избирале производи со „средна“ цена. Ова е наречено „еквилибриумски ефект“, т.е ефект на рамнотежа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби