5 ситуации кога е подобро да трчате на лента отколку на отворено

Трчањето на отворено е одлично за здравјето, но постојат ситуации кога е подобро да трчате на лента, во климатизирана просторија. Еве во какви сè случаи е подобро да се трча на лента:

1) Кога надвор е премногу топло



Во летните денови, трчање на отворено се препорачува доколку температурата е до 26-32°C, но тоа треба да трае кратко. Над тоа, подобро е да трчате на лента, во затворена климатизирана просторија. На тој начин шансите за дехидрирање или топлотен удар ќе бидат скоро невозможни. Движење, а особено вежбање на отворено не се препорачува и доколку сте недоволно хидрирани.

2) Кога почнувате да вежбате по лекување на повреда

Една од големите придобивки од трчањето на лента е дека нејзината мека површина ги изложува зглобовите на помалку сила. Многу производители на ленти за трчање ги дизајнираат за да го апсорбираат шокот при секој чекор, што е исклучително корисно бидејќи го намалува ризикот од повреда.

Трчањето на лента исто значи и дека не треба да се грижите да избегнувате гранки, камења, автомобили, или луѓе – што помага за редуцирање на стресот.

3) Кога ви е потребна мотивација за трчање во интервали со висок интензитет

На отворено, многу е лесно да забавите или забрзате кога сакате, доколку трчате во интервали со висок интензитет, но сосема е различно кога нешто ве присилува тоа да го правите. Доколку целта ви е да имате што поуспешен HIIT тренинг со трчање, лентата е многу подобра за таа намена.

4) Кога сакате да ја заштитите кожата



Трчањето на отворено и постојаната изложеност на сонце или пак на други временски услови (ветер, студ, лизгав терен) може лошо да влијае не само на телото туку и на кожата. Не треба да се занемари и загадениот воздух, кој може да влијае на целокупното здравје.

5) Кога не сте трчале одамна

Доколку сте направиле подолга пауза од трчање и сте решиле повторно да се „активирате“ на тоа поле, подобро е тоа да го сторите на лента, барем во почетокот. Доколку, пак, за прв пат сакате да започнете со оваа физичка активност, трчањето на лента во комбинација со тренер кој ќе ви даде совети е многу подобар избор отколку самите да почнете да трчате на отворено, ризикувајќи повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби