Колку се точни бројачите на калории на машините за вежбање?

Бројачите на калории на  машините во теретана како што се лентите за трчање, степерите, елиптичните уреди и слично, не се секогаш прецизни, а некогаш се и далеку од тоа поради разни причини.

Затоа, најдобро е истите да се користат како многу груба проценка за потрошените калории и секогаш да се претпоставува дека сме потрошиле помалку отколку она што машината го прикажува.



Во прилог следат 4 фактори кои влијаат на (не)прецизноста на бројките кои ги прикажуваат ваквите машини:

1) Староста и квалитетот на машината

Генерално, колку постара е машината, толку понепрецизна ќе биде проценката за потрошени калории, што се должи на напреднатата технологија која се вградува во новите машини и на генералната „потрошеност“ на машините (нивните механички делови). Исто така, машините наменети за домашно користење немаат ни приближно прецизни мерачи како професионалните машини во теретаните, бидејќи поминуваат низ значително помалку ригорозни тестирања.

2) Податоците кои се внесуваат

Колку повеќе информација се дава на машината, толку поголема е нејзината прецизност. Повеќето понови кардио машини ве „прашуваат“ за тежината, висината, полот, староста и слично, што се фактори кои влијаат на вкупната бројка на согорени калории. Доколку ниеден од овие податоци не е внесен, повеќето машини ги пресметуваат калориите како за корисник кој тежи 68кг.



3) Човечка грешка

Иако во кардио машините можат да се внесат сите генерални податоци за корисниците, тие како фактор не ги земаат работите како основната метаболичка стапка, искуството со одредената кардиоваскуларна активност, неправилно користење на машината (на пример наслонување на рачките на степерот) и сл.

4) Конкурентност

Порано, производителите на ваквите машини намерно правеле нивната опрема да покажува поголем број на потрошени калории, бидејќи вежбачите поради тоа почесто ги користеле нивните машини, сметајќи дека на нив согоруваат повеќе калории. Во последно време, таквата пракса веќе не е толку вообичаена бидејќи производителите на фитнес опрема поминуваат низ многу построги тестирања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби