Кај тинејџерите со вишок килограми има поголем ризик од срцев удар

Тинејџерите кои се борат со прекумерна телесна тежина имаат поголема веројатност да доживеат срцев удар во поодмината возраст, посочуваат новите истражувања.

Научниците анализирале податоци од 1,7 милиони Швеѓани, мажи родени меѓу 1950-та и 1987-ма година и биле следени до својата 46-та година, а некои и до 64 години.

За сето тоа време, пријавени се над 22.000 срцеви удари (со или без смртен исход) коишто се случиле на просечна возраст од 50 години. Повисокиот индекс на телесна маса (БМИ) во тинејџерството е поврзан со зголемениот ризик од срцев удар пред 65-та година, дури и кога биле отстранети другите причинители.

Авторката на трудот, Марија Аберг, инаку професорка на Универзитетот на Готенбург во Шведска, истакна дека ова испитување е само потврда на досегашните сознанија.

– Како што распространетоста на дебелината и прекумерната тежина кај младите возрасни лица продолжува да расте, во иднина може да се соочиме со повеќе случаи на срцеви и мозочни удари. Родителите, училиштата и креаторите на политиките треба итно да дејствуваат за да ја спречат „епидемијата“ на дебелина кај децата и младите луѓе, нагласува проф. Аберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби