Најдобри совети за градење мускули од Арнолд Шварценегер

Арнолд Шварценегер е еден од најиконските филмски ѕвезди од холивудските акционите филмови, кој пред тоа кариерата ја има изградено како бодибилдер.

Тој 7 пати бил прогласен за Мистер Олимпија, а сега е организатор на Arnold Classic натпреварите кои се едни од најголемите настани во бодибилдингот.

Ако некој знае што е потребно за да правилно се изгради телото, тоа е Арнолд, а ова се неговите најдобри совети како тоа да го постигнете:

1) Никогаш не заборавајте како сте почнале



Пред да започнете било каков сериозен режим на тренирање, сликајте се од сите агли. На овој начин секогаш ќе може да видите каде и колку имате напредок.

2) Прво зајакнете

Доколку, на пример, отсекогаш сте сакале големи и моќни раце, не започнувајте веднаш и не ги форсирајте само вежбите за бицепс и трицепс, туку во почетокот фокусирајте се на вежби кои делуваат врз повеќе делови од телото.

 Штом изградите околу 6-7кг. мускулна маса, почнете да додавате повеќе вежби во тренинг рутината.

3) Бркајте ја „напумпаноста“

Напумпаноста (“pump”) е чувството кога крвта се слива во мускулите кои ги тренирате, предизвикувајќи нивно зголемување. Арнолд вели да се фокусирате на тоа чувство во секоја вежба, дури и доколку имате потешкотии.

4) Не правите единечни повторувања

Многумина кога вежбаат прават по едно повторување со најголемата тежина која можат да ја кренат, но Арнолд вели наместо тоа секогаш да се прават по 8 до 12 повторувања во секоја серија.

Без разлика колку мускулни влакна се вклучени во едното максимално кревање, сепак се помалку од оние кои се вклучени во кревање на помала тежина со повеќе повторувања.

5) Не се плашете од машините



Во неговите најдобри денови, Арнолд вежбал исклучиво со слободни тежини, но како што стареел се повеќе се вљубувал во машините. Тој вели дека посакува денешните машини да му биле на располагање во „неговото време“, и дека со нивна помош може да се изведуваат многу повеќе и поразновидни вежби.

6) Сериозно одмарајте се

Најмалку еден ден во неделата не допирајте тегови, и не правете сериозни физички активности, бидејќи одморот е исклучително важен за мускулниот раст и за избегнување на повреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Психијатар му вели на пациентот:
- Веќе сте целосно здрав. Можете слободно да си одите дома.
- Колку жално. Цела година бев Арнолд Шварценегер, а сега сум никој и ништо.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1422.- Умре францускиот крал Шарл ВИ, кој на...
1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино,...
1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика...
1772.- Роден е англискиот писател и мислител...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби