Што е тоа afterburn?

„Afterburn“ е популарен збор во фитнес заедницата, особено кога се зборува за слабеење.

Тоа е друго име за физиолошкиот ефект познат како EPOC (post-exercise oxygen consumption / потрошувачка на кислород по вежбање), односно количината на кислород потребна на телото за по вежбањето да се врати во нормала. Тогаш телото согорува калории повеќе од вообичаеното, што значи дека EPOC помага за да се постигне калорискиот дефицит потребен за да се слабее.



Кога вежбаме, телото согорува калории кoристејќи кислород кој им овозможува на мускулите да функционираат, а во зависност од интензитетот, траењето и видот на вежбата, телото користи и одредена количина мускулен гликоген и аденозин трифосфат за гориво. Истовремено, се зголемува температурата на телото и се оштетува мускулното ткиво.

По завршувањето на тренингот, телото го започнува процесот на закрепнување. За да се врати во нормалната состојба на одмор, нашето тело користи кислород за да го замени аденозин трифосфатот и гликогенот искористени за време на вежбањето, го враќа во нормала нивото на кислород во крвта, ја намалува телесната температура и со помош на протеин ги репарира сите оштетени мускулни ткива. Колку повеќе кислород му е потребно на телото за да закрепне, толку повеќе калории ќе согорува по вежбањето.

Колку долго тоа согорување ќе биде зголемено зависи од возраста, полот, мускулната маса, како и интензитетот на вежбите, а може да трае и до 72 часа по завршување на тренингот.



За да се постигне што повисоко ниво на EPOC, најдобро е да се фокусирате на интензитетот на вежбите. Генерално, кратките и интензивни сесии како HIIT продуцираат повеќе EPOC во минута, во споредба со вежбите како трчањето и сл.

На пример, една студија од 2004-та покажала дека 20 минутна HIIT сесија согорува исто калории во 24-часовен период, како и 50-минутна сесија со правилно и побавно темпо. HIIT сесијата вклучувала 10 рунди од интервали од 60 секунди на статичен велосипед, со 60 секунди активен одмор помеѓу секоја рунда, додека 50-минутната сесија вклучувала возење велосипед 50 минути со исто темпо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби