Како влијае преголемата изложеност на екрани врз развојот на мозокот кај децата?

По многу години шпекулирање, сега постои доказ кој сугерира дека големата изложеност на екрани на децата од претшколска возраст е поврзан со помал мозочен развој, а резултатите се исклучиво значајни бидејќи човековиот мозок најбргу се развива во тие години.

Во новата студија било откриено дека децата од претшколска вораст кои биле изложени на гледање во екран повеќе од препорачаното биле повеќе неорганизирани и имале пониско ниво на бела материја во мозокот. Белата материја, инаку, е критична за учење на јазици, писменост и когнитивни вештини, а намалување на нејзино ниво значи дека мозокот не функционира со својата оптимална стапка.



Истражувачите ги истражувале навиките поврзани со изложеноста на екрани и когнитивните вештини на 47 деца на возраст помеѓу 3 и 5 години и вршеле мозочно скенирање на сите партиципанти.

Пред скенирањето, децата направиле когнитивен тест, а родителите исполниле анкетен лист базиран на препораките за поминување време пред екрани на американската академија на педијатри (AAP).

Финалниот резултат, наречен ScreenQ, бил базиран на критериуми како дали детето имало телевизор во неговата соба, дали било експонирано на гледање во екран пред да наполни 18 месеци, колку време поминувало пред екран и дали гледало во него само или со родител.

Резултатите се сметале од 0 до 26, а колку бројката била повисока, толку поголема била поврзаноста со намалените когнитивни вештини и експресивен јазик, вклучувајќи ја способноста за брзо именување на објекти.

Просечниот резултат бил 8.6, а оптималното време на користење на екрани било час и половина дневно. Екраните сами по себе не се толку штетни, колку што е фактот што тие често ги заменуваат активностите кои промовираат развој на мозокот, вклучувајќи читање и комуницирање со други луѓе (во живо).

Идеалното ниво за играње, според AAP, промовира зборување, имитирање и решавање на проблеми, а сето тоа најдобро се постигнува без дигитални екрани.

За малите деца, еден од главните проблеми е транзицијата од тоа што го искусуваат на дводимензионален екран, до она што го гледаат во вистинскиот, тридимензионален свет.



Според AAP, смартфоните не треба да се користат за да децата се смируваат, бидејќи тоа може да ги спречи да развијат круцијални вештини за емоционално справување. Доколку на детето, на пример, му се даде iPad на користење, друга возрасна личност исто така би требало да учестува во видео играта или апликацијата, за да се охрабрува социјалната интеракција.

Исто така се препорачува родителите да седнат и зборуваат со нивните деца додека гледаат некое видео или играат видео игра. Сето тоа е дел од нашите животи, па поради тоа децата мора да се научат како да ги користат на здрав и етички начин.

Светската здравствена организација препорачува децата помали од 18 месеци да не бидат експонирани на екрани, освен за видео разговор со родителите, а децата помлади од 5 години не би требало да бидат изложени на екрани повеќе од 1 час дневно.

Секако, ќе бидат потребни многу други истражувања за подобро да разбереме како екраните влијаат на развивањето на мозокот, поради што Националниот институт за здравје започнал студија која ќе трае една декада и со која ќе бидат истражувани 11 000 деца кај кои ќе се следи како користењето на дигитални екрани како смартфони и видео игри би можело да го промени младиот мозок кој сè уште се развива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби