Причини за тресењето на мускулите за време на вежбањето

Тресењето на мускулите за време на вежбањето е сосема нормално и не е нешто за кое треба премногу да се грижите, освен доколку истото не продолжи и надвор од теретаната, кога не се вежба.



Еве што ги предизвикува овие контракции додека вежбате.

1) Замор

Една од најчестите причини за тресењето на мускули е заморот. Секој пат кога тие контрахираат, нервниот систем испраќа хемиски пораки до целниот мускул (или мускули) преку нервните клетки познати како моторни неврони, кои им даваат „команди“ на мускулните клетки.

Но, сите мускулни влакна во еден мускул или мускулна група не контрахираат истовремено, туку се активираат посебно. Така, телото сигнализира да се активира одреден број на влакна, а колку подолго останувате во иста позиција, влакната кои биле иницијално активирани имаат потреба да се релаксираат и да се активираат други влакна – што го предизвикува тресењето. Кога тоа ќе се случи, потребно е да го намалите интензитетот на вежбање.

2) Дехидрација

Дехидрацијата негативно влијае на вежбачките перформанси на многу начини. Губење на 1-2% од телесната маса преку пот може да го редуцира капацитетот на вежбање, бидејќи дехидрацијата го забавува крвотокот, кој е одговорен за транспортирање на клучните нутритиенти (како електролитите) во мускулите. Кога мускулите не добиваат адекватна количина на крв или нутритиенти, не можат да работат ефикасно и се тресат.

3) Нови вежби

Мускулите можат да се тресат кога учат нови движења, па така, кога некои вежби ги правите за прв пат, тие може да се тресат и да не сте доволно координирани. Но, како тие движења се вежбаат и повторуваат, телото станува поефикасно во испраќање и примање на сигнали до и од активираните мускули, па нивното тресење престанува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби