Што сè влијае на здравјето на очите?

Според центарот за контрола и превенција на болести (CDC), околу 12 милиони луѓе во САД над 40 годишна возраст имаат некакво оштетување на видот, а околу 61 милион возрасни се со висок ризик од губење на видот. Некои од ризичните фактори кои го влошуваат видот, како што е староста, не можат да се контролираат, но некои други можат.

1) Премногу затоплени простории

Кога очите се суви, тоа може да предизвика оштетување на нивната предна површина, а тоа често се случува во зима поради топлиот и сув воздух предизвикан од централното греење дома или на работа. Значително подобрување во комфорот и окуларното здравје може да се постигне со навлажнувач на воздухот во просториите каде најдолго време престојуваме (на пр. во спалната).

2) Силно пуштена клима во лето

Исто како и од преголемото затоплување, сушењето на очите може да биде предизвикано и од сосема спротивното.

3) Триење на очите

Честото и силно триење на очите (поради алергии и сл.) може да ги зголеми шансите од развивање на кератоконус, т.е истенчување на рожницата или пак да го забрза кератоконусот кој веќе е во почетна фаза на развивање, особено кај децата.

4) Користење на отстранувач на шминка

Отстранувачите на шминка често содржат големо ниво бензалкониум хлорид, кој е токсичен за површината на очите, што значи дека при користење на вакви препарати треба особено да се внимава тие да не дојдат во допир со очите.

5) Носење вештачки трепки

Лепакот кој се користи за прицврстување на вештачките трепки често содржи токсични состојки, додека пак самите трепки се како еден вид на „топли вреќи за спиење“

6) Неодржување на контактните леќи



На контактните леќи со тек на време може да се наталожат наслаги протеин, липиди, козметика, бактерии и останато, што може да доведе до инфекција на окото, па така треба да се внимава на нивното одржување, и да се избегнува нивно пречесто користење (или заборавање да се извадат пред спиење, влегување во вода (пред капење или пливање) и сл.).

7) Пиење антидепресиви

Еден од потенцијалните несакани ефекти на антидепресивите се проблемите со видот, бидејќи ваквите лекови можат да влијаат на фокусирањето на очите.

8) Лекови против акни

Еден вообичаен лек против акни наречен роакутан (или изотретиноин) може да ги оштети малите лојни жлезди (Meibomian) во очните капаци кои ја одржуваат влажноста на очите.

9) Носење ефтини очила или неносење на очила за сонце

Некои ефтини очила и покрај тоа што имаат затемнети стакла, не овозможуваат доволно заштита од UV зраците, што значително може да влијае на здравјето на очите. Неносењето на очила, пак, дури и во зимскиот период, уште повеќе е штетно бидејќи така вашите очи се експонирани на UV зраците без никаква заштита, што може да доведе до очни канцери или катаракта.

10) Премногу време пред монитор

Поминувањето долго време пред компјутерскиот монитор (но и екраните на смартфоните/таблетите) е бр.1 причината за „суви, иритирани очи“

11) Пушење

Пушењето не влијае само на белите дробови – една студија од 2019 покажала дека оние кои пушеле повеќе од 20 цигари дневно потешко разликувале бои, во споредба со оние кои пушеле помалку од 15 цигари дневно

12) Небалансирана исхрана

Во сериозни случаи, лошата исхрана и недостатокот на одредени нутритиенти може да доведе до проблеми со видот. На пример, веганите треба да земаат суплементи за превенција на слепоста предизвикана од недостаток на витаминот Б-12. Премногу пиење алкохол, пак, и одредени медицински состојби можат да ја редуцираат апсорбцијата на витамини што како резултат може потенцијално да предизвика слепило.

13) Нетретиран дијабетес

Дијабетесот може да влијае на скоро секој дел од окото, а оние кои ја имаат оваа болест имаат 2 до 5 пати поголеми шанси за да развијат катаракта, скоро двојно поголеми шанси за глауком, а постои и ризик од дијабетска ретинопатија која може да доведе до слабеење на видот, или во одредени случаи, целосно слепило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби