Најлошите работи што може да ги направите кога сте настинати

Зимскиот период е сезона на обичната настинка, предизвикана од студеното време кое го ослабува имунолошкиот систем, правејќи го телото ранливо на риновирусите. Еве што сè докторите препорачуваат да избегнувате кога сте настинати, бидејќи може да ви ги влоши симптомите:

1) Пиење антибиотик

По дефиниција, антибиотиците се лекови кои се користат за третирање на инфекции предизвикани од бактерии, но риновирусот е предизвикан од вирус. Тоа значи дека не само што антибиотиците нема да помогнат за лечење на настинката, туку нивно непотребно пиење може да го направи организмот резистентен на нив, во случај некогаш навистина да ви притребаат.

2) Пиење сок од портокал

Пиењето сок од портокал може повеќе да наштети отколку да помогне, кога станува збор за настинката. Поради тоа што тој е кисел, ги гори мембраните во грлото и дополнително ги иритира, така што треба да се избегнуваат кисели пијалоци како оние од цитрусни овошја, ананас, Кока Кола и сл.

3) Пречесто и пресилно секнење на носот

Пресилното секнење на носот може да предизвика слузта да навлезе во синусите и да предизвика синусна инфекција, па доколку тоа го правите често, тоа може да ги оштети малечките крвни садови во носот и да предизвика течење на крв.

4) Недоволно спиење и стрес

Според студија од 2019-та, помалку од 7 часа спиење значително ја намалува ефикасноста на имунолошкиот систем, а истото го предизвикува и стресот.

5) Пречесто миење на рацете

Пречестото миење на рацете може да му наштети на имунолошкиот систем и да го спречи телото правилно да се справува со инфекциите.

6) Пречесто и преинтензивно вежбање



Само една 20 минутна сесија вежбање со среден интензитет му помага на имунолошкиот систем поефикасно да се бори со инфекциите, додека пак пречестите и преинтензивни тренинзи може да го предизвикаат спротивното – особено доколку се вежба кога веќе сте настинати, што единствено може да ја пролонгира па и влоши состојбата.

7) Често користење на назален спреј

Ова може да предизвика крвните садови во носот да развијат имунитет на ефектите на спрејот, па затнувањето на носот да се влоши.

8) Јадење премногу слатка храна

Јадењето на храна која содржи шеќер значително ја забавува функцијата на имунолошките клетки и нивната способност да се борат против бактериите.

9) Непиење на пробиотици

Во студија од 2013-та врз студенти било откриено дека оние кои пиеле пробиотици имале за 34% помалку сериозни симптоми и настинки кои траеле 2 дена пократко во споредба со оние кои не пиеле никакви суплементи кои содржат пробиотици.

10) Кашлање во дланката

Кога ќе добијат „напад“ на кашлање додека се во јавност, повеќето инстинктивно ја користат дланката за да си ја покријат устата и да го спречат ширењето на микробите. За жал, кашлањето во дланката е многу полошо отколку во воздух, а причината за тоа е што риновирусот живее подолго на површини отколку во воздухот и многу е полесно некому да му го пренесете преку едноставно ракување. За ова да се избегне, најдобро е да се кашла во ракавот, бидејќи контактот со другите луѓе и површини на тој начин е минимизиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби