11 необични научно докажани факти поврзани со здравјето

Со огромниот број на велнес трендови и самонаречени фитнес и здравствени „експерти“, тешко да се верува на сите информации во врска со физичкото и менталното здравје.

Еве некои интересни факти во врска со здравјето, кои се 100% точни и се научно докажани:

1) Уринирање во базени е штетно за срцевото здравје



Иако дефинитивно не е санитарно, уринирањето во базен може се чини безопасно за здравјето , меѓутоа, урината и хлорот комбинирани креираат опасни хемикалии. Една од тие е цијаноген хлорид, хемикалија која го дава карактеристичниот „мирис на базен“, а која е класифицирана како агент за хемиско војување и може да го оштети срцето и белите дробови. Некои други нуспроизводи, наречени нитросамини, можат дури и да предизвикаат рак.

2) Анксиозноста може да ги влоши мирисите

Во студија од 2013-та  бил истражуван начинот на кој одредени емоции можат да влијаат на чувството за мирис, и било заклучено дека по експонирање на субјектите на слики кои предизвикуваат анксиозност (како војни, сообраќајни несреќи и сл.), неутралните мириси станале непријатни, а лошите мириси уште повеќе се влошиле.

3) Мажите забораваат повеќе отколку жените

Бројни студии ги споредувале мемориските способности на мажите и жените, а во една од 2015-та било заклучено дека причината за тоа што мажите забораваат повеќе/почесто од жените е најверојатно поради различната мозочна структура, поточно онаа на хипокампусот (делот од мозокот поврзан со меморијата), чиј волумен се намалува побрзо кај мажите отколку кај жените.

4) Јадењето јајца ги подобрува рефлексите



Јајцата содржат аминокиселина тирозин, која телото ја синтетизира во норепинефрин и допамин - соединенија кои ја зголемуваат енергијата и будноста и го подобруваат расположението. Во студија од 2014-та, истражувачите откриле дека тирозинот исто така ги подобрува интелектуалните перформанси и рефлекси.

5) Гризнување од крлеж може да предизвика алергија на црвено месо

Со гризнување на крлежот од видот Lone Star, возможно е да се развие алергија на црвено месо – говедско, јагнешко, свинско и козјо. Симптомите вклучуваат повраќање, грчеви, потешкотии со дишењето и исфрлање на кожата, a во најтешките случаи личноста може и да запре со дишењето. Кај некои луѓе, алергијата ослабува со тек на време, но кај некои останува.

6) Мирисот на јаболка може да ја олесни клаустрофобијата

Мирисот на зеленото јаболко може да ја промени перцепцијата на просторот, правејќи ги собите да ни се чинат дека се поголеми одошто се. Во експеримент од 1995-та, било заклучено дека и краставиците имаат сличен ефект, додека мирисот на чад од скара има спротивен ефект.

7) Најголемиот дел од масти кои ги согоруваме излегуваат од телото преку белите дробови

Многумина мислат дека согорените масти излегуваат од телото преку потта, урината и останатите телесни излачувања, но вистината е дека 84% од нив се конвертираат во јаглерод диоксид и телото го напуштаат преку белите дробови. Останатите 16% се конвертираат во вода, која излегува преку урината, изметот, потта, солзите, и останатите телесни течности.

8) Шансите за смрт се најголеми на денот кога ни е роденден



Според студија од 2012-та, луѓето имаат 13.8% поголеми шанси да умрат на нивниот роденден, во споредба со било кој друг ден. Студијата била базирана на швајцарските статистики за морталитет од 1969-та до 2008-ма, при што било откриено дека причините за смртта најчесто биле срцеви или мозочни болести, самоубиство или фатални несреќи.

9) Физички активните трудници имаат попаметни бебиња

Интелигенцијата во голема мерка е наследна, меѓутоа ако сакате да ги подобрите шансите да имате паметно дете, останувањето во фит форма може да помогне. Студија од 2013-та покажала дека бремените жени кои вежбале 3 пати неделно во интервали од 20 минути со тоа ја подобриле мозочната функција и развиток на бебето.

10) Вежбањето во младост го забавува влошувањето на коските во староста

Иако вежбањето е клучно за здравјето без разлика на староста, тоа е особено важно во младите години – според студија од 2014-та, вежбањето во детството помага за зацврстување на коските и ги подготвува за оптоварувањата кои следат со стареењето.

11) Електронската музика може да го спречи каснувањето од комарци

Студија од 2019-та покажала дека гласната електронска музика ги обесхрабрува комарците да ги каснуваат своите жртви и да се парат, а причината за тоа најверојатно е гласноста и постојаното ескалирање на фреквенцијата на звуците.

13) Лушпата на рибите помага во лекување на рани

Во Бразил, докторите користат завои од кожата на тилапија (вид на риба) за третирање на изгореници од 2 и 3 степен. Причината за тоа е што таа изобилува со огромна количина на протеини колаген, кој помага за заздравување на рани и ја редуцира потребата од лекови против болка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби