Без страв, вознемиреност и паника во услови на корона вирус

Научен соработник д-р Елизабет Мицева Величкоска

Во време на пандемија на коронавирусот, неопходно е да ги следиме препораките, да имаме што е можно помалку социјален контакт и да седиме дома. Со оглед на тоа дека се соочуваме со нешто ново, стресно и непознато, сосема е нормално да имаме психолошка реакција на нештата.

-Изминатиот период во медиумите, на социјалните мрежи, но и во домовите на секој од нас, актуелни и доминантно присутни се темите поврзани со новонастанатата состојба и психолошките реакции кои произлегувааат од неа. Страв, анкисозност и паника се најчесто слушаните термини кои кружат меѓу граѓаните, но истите не секогаш се адекватно интерпретирани односно адекватно употребувани. Истото доведува до тоа лицата со постоечки психички потешкотии и симптоми да бидат доведени во ситуација на стигматизација која ги обезхрабрува да побараат соодветна помош во дадената ситуација, вели доктор д-р Елизабет Мицева Величкоска.

-Актуелните психолошки реакции кои слободно би се изразила дека се присутни кај секој од нас поединечно претставуваат сосема нормални реакции во ненормална стресна или кризна состојба и ситуација. Имено, непходен услов за да дојде до манифестација на одредени психички тегоби е постоење на стресен настан кој може да биде од било каква природа-губиток на блиски, природни катастрофи, егзистенцијална загрозеност (загрозеност на здравјето, финансиска загрозеност) и слично.

Дали секој од нас подеднакво ќе изреагира во дадената стресна ситуација?

- Секако дека не. Индивидуалната реакција на стресорот е условена од претходни искуства со стресни настани, значењето на самиот стресен настан за личноста, богатството на механизми за одбрана и справување...Значи, некој ќе манифестира преголема загриженост или преокупираност со негативни размислувања за негативен излез од ситуацијата, други пак ќе манифестираат анскиозност или состојба на вознемиреност која речиси секогаш е пропратена и со телесни симптоми-потење, срцебиење, тресење на телото. Неретко кај некои можат да се јават и настапи на паника (страв од губиток на контрола) кои се екстремот на акумулираната анксиозност. И покрај тоа што во основа на овие негативни емоционални доживувања е мобилизирање на личноста, односно што поадекватно превземање на дадени препораки и соодветни мерки како и прилагодување на новонастанатата ситуација, постојат случаи каде што истите тие емоции ќе ја надвладеат можноста за рационална, разумна обработка на ситуацијата кога поединецот станува дисфункционален, несоодветно размислува и несоодветно на ситуацијата се однесува, објаснува докторката.



-Во контект на изнесеното би споменала дека присуството на негативни емоционални доживувања на загриженост, страв, анкисоност, особено во подолг временски период неповолно влијаат не само врз психичкото функционирање на поединецот туку и врз севкупното соматско здравје. Имено, познато е дека во појавата на многу соматски состојби и заболувања лежи и психолошката компонента. За кои соматски состојби и заболувања станува збор? Тука би ги споменала таканаречените психосоматски заболувања (шеќерната болест, болсет на висиок крвен притисок, астма, проблеми со органите за варење, повеќе кожни заболувања и.т.н.). Доколку кај лица со дијагностицирана болест од овој тип не се делува навремено не се делува (во смисла на рано препознавање на негативните емоционални состојби во услови на актуелна стресна состојба), голем е ризикот да дојде до влошување на основното соматско стардање и покрај редовната терапија која е пропишана за третман на истата.

Од таму и апелот до сите лица кај кои во дадената ситуација евентуално настапило или пак во иднина настапи влошување, да навремено побараат психолошка помош и подршка од средината, односно тимот на стручни лица на Клиниката за психијатри преку телефоните објавени за јавноста. И тоа што порано, тоа подобро. Навремената и рана психолошка интервенција во првите денови и недели е од огромно значење не само за ублажување на тегобите од психолошка природа туку и за превенција од широка палета на посериозни психолошки последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе ќарил некоја плавуша.
И после добриот секс, на плавушата и текнало:
- А бе да не имаш сида?
- Не, а што ти текна?
- Не би сакала пак да добијам!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1881.- Во Локфилд, Шкотска е роден Александар...
1868.- Еквадор го погоди силен земјотрес при што...
1890.- Во њујоршкиот затвор „Обурн“, убиецот...
1900.- Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби