Попладневната дремка не треба да трае подолго од 40 минути

Стручните лица советуваат дека не секој одмор е добар за човечкото тело. Во таа смисла, на пр., попладневната дремка не треба да трае повеќе од 40 минути или во спротивно, нашиот „внатрешен часовник“ и циклусите на спиење може да бидат нарушени.



Човекот е биолошки „програмиран“ да спие подолг дел од ноќта и да одмори кратко еднаш во текот на денот. Имено, температурата на нашето тело најмногу паѓа меѓу 13:00 и 15:00 часот, поради што токму тогаш почнуваме да се чувствуваме поспани. Но, според стручњаците, спиењето попладне не е целосно безбедно. Ново истражување покажува дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања.

Испитувањата опфатиле 300.000 лица, а резултатите посочуваат на поврзаност меѓу попладневната дремка и развојот на т.н. „метаболички синдром“, којшто вклучува покачена тежина, висок крвен притисок и повисоко ниво на холестерол. Истражувањето беше презентирано на Годишната конференција на Американскиот колеџ за кардиологија.

Според податоците, во дневен сон кој трае повеќе од 40 минути, телото „замислува“ дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, човекот може а биде дури и поуморен после таквиот сон отколку пред него. Клучот е, всушност, во тоа да не се претера во спиењето.

Луѓето кои спијат најмногу половина час попладне се чувствуваат „поведро” поодморено, посвежо и се чувствуваат подобро. Во случај на подлабок сон, мозокот оди во фаза на „бавни бранови“, по коишто речиси секогаш се чувствуваме уморни и дезориентирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби