Три зачини полезни за дишните органи

Бројни научни истражувања покажаа дека консумирањето одредени видови храна и пијалаци му помага на телото да се ослободи од штетните материи. Следуваат три зачини кои можат да ги „исчистат“ Вашите бели дробови.

Куркума



Науката покажа дека овој зачин го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи кај луѓе кои  пушат или живеат во загадена област. Покрај тоа, куркумата ги спречува и заболувањата на дишните патишта.

Куркума традиционално се користи, како и кари, во традиционалните индиски јадења. За да се ужива во антиинфламаторните придобивки од куркумата, треба да се измеша со малку црн пипер.

Лук

Лукот им дава вкус на многу јадења, а има најмногу лековити својства кога се јаде свеж. Тој содржи алицин, кој ги уништува респираторните инфекции и наслагите од тутунските производи. Сепак, имајте на ум дека поголеми количини лук не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и варењето на храната.

Ѓумбир



Многу лековити својства му се припишуваат и на ѓумбирот. Тој го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, како и воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што посебно се препорачува за пушачи. Често се користи и за правење чај или како додаток на здрави пијалаци, а може да се користи и како зачин во солени и слатки јадења.

Ѓумбирот е доста потентен. Не треба да се јаде повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри дневно, па во случај на несакани ефекти од претерување, стручниот совет препорачува – консултација со лекар или нутриционист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби