5 најчестите „митови“ и вистини околу бременоста

Ако сте бремена, сигурно веќе секојдневно добивате совети и „предупредувања“ од семејството, пријателите, познаниците… Па, се прашувате што е вистина, а што не?

Следат некои од најчестите „митови“, заблуди и вистини околу бременоста.

1.Мит: Не треба да јадете кикирики и млечни производи, бидејќи бебето ќе биде алергично на нив!



Сосем е во ред да се јаде оваа храна, освен ако жената е алергична на неа или ако лекарот советува да не го прави тоа. Нема докази дека избегнувањето одредена храна ќе спречи бебето да стане алергично на неа. Како што пишува списанието „Pregnancy Birth Baby”, ограничувањето на исхраната е штетно, бидејќи бебето нема да добие доволно хранливи материи.

Сепак, постојат некои намирници кои е подобро да се избегнуваат за време на бременоста поради опасноста од штетни микроби. Тука спаѓаат некои меки сирења, паштета, полуживо месо или риба и недоволно сварени јајца.

2.Мит: Постојат алтернативни начини на коишто може да го одредите полот на бебето!?

Положбата на бебето во стомакот, ставање на венчалниот прстен на стомакот и следење на активностите на бебето се „алтернативни“ и донекаде смешни начини на кои наводно може да се одредите полот на приновата. Според сручњаците, ниту едно од нив не е точно.

Полот може да се дознае преку неинвазивниот преднатален тест (НИПТ), кој се прави во десеттата недела од бременоста, а воедно и преку ултразвучниот преглед.

3.Мит: Во бременоста треба да јадете за двајца!?



Нема докази ни за овој мит. Количината на дополнителна храна зависи од тежината и висината на жената, физичката активност и месецот од бременоста. Повеќето жени треба да внесуваат не повеќе од 350 – 400 дополнителни калории дневно за време на бременоста. Тоа се неколку парчиња овошје, тврдо варено јајце или здраво смути. Прејадувањето е лошо и за трудницата и за бебето. Урамнотежената исхрана е најважна.

4.Мит: Без топла бања, бојадисување коса и вежбање!

Топлите бањи се безбедни за бремени жени, но водата не треба да биде премногу жешка. Хормоналните промени во бременоста може да создадат пречувствителност на топло. Треба да се избегнуваат бањи со џакузи, бидејќи тие можат да доведат до несвестица.

Ниската концентрација на хемикалии во боите за коса не е штетна. Сепак, многу жени претпочитаат да избегнуваат боење во првите 12 недели од бременоста. Ако го преземете овој чекор, но сѐ уште не сте сигурна, држете ја бојата на косата што е можно пократко. Користете ракавици и добро проветрете ја просторијата.

За вежбите што ги правите, прво разговарајте со Вашиот лекар. Ако бременоста не е комплицирана, треба да се обидете да вежбате во просек 20 – 30 минути – четири до петпати неделно. Избегнувајте активности што водат кон опасност од паѓање, како што се јавање коњ, скијање или возење велосипед.

5.Мит: Гадењето се јавува само наутро!?

Гадење и / или повраќање во текот на бременоста може да се јават во кое било време од денот – поради хормоналните промени. Повеќето жени го доживуваат тоа наутро, а состојбата се подобрува по третиот месец од бременоста. Се разбира, тоа не значи дека сите жени имаат исто искуство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Имал некој тип калибар 50cm па не можел да си најде жена. Му рекле лекот да го бара кај жабата, барајќи ја за жена.
- Жабо, жабо, ќе се омажиш за мене?
- Не.
И оп, му се смалил...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
48. п.н.е.- Римскиот војвода и државник Гнеј...
1066.- Норманскиот војвода Вилијам, иден...
1465 или 1466.- Роден е Ротердамски Еразмо...
1492.- На првото патување преку Атлантикот, во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби