Како енергетските пијалаци влијаат врз бременоста?

Енергетските пијалаци се популарни затоа што, како што се верува – ја зајакнуваат концентрацијата. Сепак, бремените жени и доилките не треба да ги пијат овие напитоци, поради можни негативни последици, пишува „Verywell Family”.



Кај трудницата, плацентата што расте во матката го снабдува бебето со храна и кислород преку папочната врвца. Хранливите материи што ги внесувате – сите „се пренесуваат“ на бебето, вклучувајќи ги и состојките во енергетските пијалоци. Некои истражувања со животни откриваат негативни влијанија по редовното пиење енергетските пијалаци. Имено, кај бремени глувци кои внесувале мали количини енергетски пијалак дневно, било откриено дека новородените глувчиња имале оксидативен стрес, повреди на ткивата, вознемиреност и промени во однесувањето. Заклучокот вели дека ова е сериозен здравствен проблем што заслужува внимание.

Д-р Емили Мичел, нутриционист од Центарот за претпородилна медицина во Лос Анџелес, САД, смета дека енергетските пијалаци не се препорачуваат, пред сѐ, бидејќи содржат високо ниво кофеин.

– Администрацијата за храна и лекови не ги регулира овие пијалаци бидејќи спаѓаат во категоријата додатоци во исхраната. Овие додатоци не се регулирани и може да содржат состојки кои не се наведени на пакувањето. Тие, исто така, може да содржат таурин, карнитин, инозитол, гинко и брадово млеко, за кои не е утврдено дали се безбедни за бремени жени. Женшен – друга состојка којашто често се содржи во овие производи, исто така може да има негативни последици, вели д-р Мичел.

Истражувачите, така, препорачуваат строго воздржување од енергетски напивки во бременоста. Всушност, и на самата етикета обично пишува: Не се препорачува за деца, лица чувствителни на кофеин, бремени жени или доилки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби