Неколку совети за побистар ум

Одржувањето на умот бистар и сосредоточен, се од витално значење за секој од нас. Мозокот сака предизвици. Според „Квизклаб“, овие седум совети може да му помогнат на Вашиот ум да ги одржи и прошири своите способности.

1. Забавувајте се со сложувалки!



Главната придобивка од сложувалка е вежбањето на левата и десната страна на мозокот одеднаш. Тоа е умствена вежба којашто ги подобрува вештините за решавање проблеми. Уште повеќе, ги зајакнува врските меѓу мозочните клетки и на тој начин го подобрува краткорочното паметење.

2.Сосредоточете се на една задача, па на друга

Поставувањето повеќе задачи одеднаш – не е добро учење. Го намалува вниманието, концентрацијата и краткотрајното помнење. На крајот на краиштата, неопходно е да бидете таму каде што сте во мигот, за да се постигнат најдобри резултати. Повеќето обврски во истовреме, ги спречува луѓето во успех. Сосредоточувањето на обврските една по една ја обновува бистрината и вниманието.

3.Научете нови вештини

Учењето нови вештини помага да се зајакнат врските во мозокот. Тоа може да бидат различни работи, како што се танцување, нов странски јазик… Така, не губете време!

4.Вежбајте редовно!

Физичката активност ги стимулира хемиските промени во мозокот коишто го подобруваат учењето, расположението, размислувањето и интелигенцијата. Никој не знае точно која вежба е најдобра, па така, може да изберете каква вежба сакате. Не заборавајте дека и активностите во домаќинството се корисни – интензивното бришење под, собирање лисја во дворот или што било, што ќе Ве испоти малку.

5.Одморете се добро!



Ако работите напорно, мора да научите да се опуштите и „да ги наполните батериите“. Ако не – ќе страдате од исцрпеност. Таквата состојба може да предизвика сериозни проблеми со физичкото и психичкото здравје. Вистинско опуштање значи смирување и вистинско уживање во времето без каква било „продуктивност“, барем некое време…

6.Обидете се и со медитација

Медитацијата ја зголемува интелигенцијата на многу начини. Докажано е дека тоа ги синхронизира двете мозочни хемисфери. Кога логичниот лев дел од мозокот и креативниот десен дел работат во хармонија, решавањето проблеми станува лесно, креативноста се множи, длабокото размислување станува вообичаеност, а сосредоточеноста се зголемува.

7.Запишете ги вашите мисли!

Пишувањето е активност за зајакнување на мозокот која „Ве принудува“ да ангажирате повеќе различни делови од умот. Вашата редовна активност за пишување може да има речиси секаков облик – започнете „да ги овековекувате“ Вашите спомени или – создадете збирка поезија. Секојдневното пишување му помага на мозокот да остане зафатен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби