5 природни лекови против кашлица

Пониските температури со себе носат и почести настинки кои може да предизвикаат кашлање. Иако лекарот треба да ја утврди дијагнозата и третманот, постојат помошни, природни лекови како мед, мајчина душичка и ѓумбир, коишто можат да ја спречат оваа непријатна појава.

Кашлицата е природен рефлекс што се јавува кога нешто ви го иритира грлото или дишните патишта. Повремената кашлица е нормална, па дури и здрава, бидејќи му помага на телото да ги исфрли наталожените слуз и остатоци. Сепак, тоа не го прави помалку исцрпувачко, а понекогаш, и болно… Најчести причини за кашлица се: чад од цигари, бактериски инфекции, алергии, астма, бактериски и вирусни заболувања како настинка или грип.

Кашлицата предизвикана од астма, инфекции и алергии треба да ја лекува лекар, но ако таа опстојува по вирусна инфекција или иритација, неколку природни состојки може да помогнат при лекување дома.

1.Meд



Медот делува слично како капките за кашлица – кога го консумирате, ја обложува слузницата на грлото, ублажувајќи ја болката и гребењето. Труд од 2007 година објавен во журналот за педијатриска и адолесцентна медицина посочува дека медот е поефикасен во лекувањето на ноќната кашлица отколку декстрометорфанот – вообичаен лек за кашлица.

Медот има и противвоспалителни, антиоксидантни и антибактериски својства – што може да придонесат за смирувачко дејство. Овие својства помагаат во борбата против инфекциите и може да го зајакнат имунолошкиот систем.

2.„Гаргара“ со солена вода

„Гаргарата“ со солена вода може да помогне да се уништат бактериите и да се ослободи слузот во грлото. Тоа ќе помогне да се исчистат синусите и за побрзо ослободување од кашлицата. Солената вода, исто така, може да помогне да се намалат отоците и иритацијата предизвикани од постојаната кашлица.

3.Ѓумбир



Ѓубирот може да помогне во лекувањето на разни здравствени проблеми, а како оние во медот, биоактивните соединенија во ѓумбирот имаат антиоксидантни, антимикробни и антиинфламаторни својства. Ѓумбирот има и посилен вкус, којшто го стимулира лачењето плунка и помага против сува уста и грло.

4.Корен од бел слез

Се работи за растителен додаток за кој се смета дека ги смирува иритираните делови на грлото и устата. Корените и лисјата од бел слез содржат слуз која, кога се меша со вода, се создава нешто како гел, којшто го обложува грлото, слично како медот.

5.Мајчина душичка

За ова растение се смета дека ги смирува грчевите во мускулите, вклучувајќи ги и оние предизвикани од кашлање. За ублажување на кашлицата, може да се консумира како билен чај или во облик на таблети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби