Истражување: Тежината на трудницата има мало влијание врз онаа на детето

Индексот на телесна маса (БМИ) на бремената жена има многу помало влијание врз тежината на детето отколку што претходно се веруваше, покажа ново истражување објавено во списанието „БМЦ“.



Според тоа, дебелината кај децата не може да биде предизвикана од тежината на мајката во бременоста. БМИ е мерка за следење на промените во тежината. Децата со висок БМИ, со возраст од 25 години или повеќе, имаат поголема веројатност да имаат прекумерна тежина поради фактори на животната средина, а не поради тежината на нивната мајка додека била бремена.

– Факторите на животната средина вклучуваат сè што ги тера децата да јадат повеќе и да вежбаат помалку, вели авторот на трудот, Том Бонд, научен соработник на Универзитетот на Бристол, Велика Британија.

Истражувачите користеле податоци собрани во долгорочните истражувања „Деца од 90-тите“ и „Родените во Бредфорд“ сосредоточувајќи се на возраста 1 – 4 години и 10 – 15 години.

„Децата на 90-тите“ е долгорочна истражувачка група којашто почна со над 14.000 бремени жени во раните 1990-ти. „Родените во Бредфорд“ е програма што ги анализира здравствените податоци на над 30.000 луѓе во Бредфорд, Велика Британија. Резултатите покажале дека има мала врска меѓу БМИ на мајката и тежината на бебето при раѓањето, но тоа исчезнало додека детето растело.

– Иако БМИ на тинејџерите е поврзан со БМИ на нивните мајки, тоа е поверојатно поради наследните гени и факторите на начинот на живот, а не толку поради влијанијата во утробата, рече Бонд.

Според него, околината и начинот на живот на детето, како што се живеењето близу ресторани за брза храна или подалеку од големи зелени површини, може многу повеќе да влијаат на БМИ на детето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби