Само 10 минути трчање на ден го продолжува животот

Трчањето е еден од најпопуларните облици на вежбање во светот. Има многу придобивки од тоа, а според познавачите, потребни се само 10 минути дневно.



Основниот мотив на повеќето луѓе е да ја подобрат својата состојба, а истражувањата покажуваат дека речиси 80 отсто од оние кои трчаат, го прават тоа за да останат во форма или да го одржат своето здравје. Испитување објавено во медицинското списание „JAMA“ открива дека само 10 минути трчање дневно може да го продолжи животот.

Според тренерот Мајк Бол, тоа е одлична вежба којашто нуди многу придобивки, а најдобриот дел е тоа што може да се трча речиси секаде, без посебна опрема, освен добар чифт патики за трчање.

– Иако има луѓе кои ги поместуваат границите на трчањето, како оние кои учествуваат на маратони, на пр., има предности и од покусите трчања, како што се оние од 10 минути дневно, објаснува Бол.

Само 10 минути трчање дневно се одлични за согорување калории и за губење на тежината за секој што има за цел да намали некој вишок килограми.

– Трчањето е одлична кардиовежба и неверојатен начин да ги постигнете вашите цели на слабеење. Во зависност од вашата брзина и тежина, може да очекувате да согорите околу 150 калории трчајќи само 10 минути, додава Бол.

Покрај тоа, кусото секојдневно трчање помага да се зајакнат мускулите на нозете, густината на коските, како и подобрување на здравјето на срцето и крвотокот, а на крајот и на психичкото здравје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби