„Ozempic” – лекот по кој лудува цел Холивуд

Лекот „Ozempic” е еден од најпопуларните и воедно најбараните во моментот во светот на познатите. Бројни холивудски ѕвезди и инфлуенсери посегнаа по оваа формула за инстант слабеење со цел да ја добијат совршената тежина. Побарувачката за лекот е толку голема, што дури и водителот на Оскарите, Џими Кимел, се пошегува дека кога ќе ги погледне присутните на манифестацијата, се прашува дали „Ozempic” е вистинскиот избор и за него.

Што во суштина е „Ozempic”?



Станува збор за инјекции кои се земаат на неделно ниво со цел да се подобри контролата на шеќерот во крвта. Активната состојка, семаглутид, го имитира дејството на хормон природно пронајден во телото кој го стимулира ослободувањето на инсулин откако ќе јадете, наречен GLP-1. Дополнителниот инсулин помага да се намали шеќерот во крвта, а GLP-1 сигнализира ситост, со што се потиснува апетитот и се намалува внесот на храна.

Притоа лекот го забрзува метаболизмот и доаѓа до зголемено топење на масите од масните клетки. Со тоа за кратко време телото ја намалува тежината, а резултатите се неверојатни.

Звучи идеално зар не?

Вистината е дека употребата на ваков тип на брзи решенија за слабеење, сепак и не е толку паметна идеја.

Некои од несаканите ефекти на лекот се вртоглавица, дијареа, констипација и главоболка. Освен тоа, се препорачува да го користат само пациенти со висок Индекс на телесна тежина (BMI), но не и луѓе кои сакаат да загубат неколку килограми.

Еден од најпрепознатливите несакани ефекти на лекот е таканареченото „Ozempic” лице кое настанува како резултат на брзото губење на тежина. Како што телото слабее, така слабее и лицето, па за кратко кожата се спушта надолу и пациентот изгледа постаро од обично. Холивуските ѕвезди го решаваат проблемот со филери и лифтинзи на лицето што се разбира не е соодветно решение и за оние кои не се во можност да си дозволат такви третмани.

Дали со храна може да го добиете истиот ефект на слабеење?

Според научниците, одговорот на ова прашање е и да и не, или поточно сè зависи од вашата генетика. Кај некои луѓе, промената во режимот на исхрана дава поголеми резултати, отколку кај други, па затоа она што функционира за еден, можеби нема да даде ефект кај друг.

Здравата исхрана, богата со хранливи материи кои го стимулираат GLP-1 може да го зголеми неговото ниво. Ова може да биде храна со добри масти, како авокадо или јаткасти плодови, или немасни извори на протеини, како јајца. Зеленчукот и интегралните житарки исто така се добра опција бидејќи ги хранат нашите цревни бактерии, кои потоа произведуваат масни киселини кои предизвикаат секреција на GLP-1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Вицови за плавуШи

* * *
- Што вика плавуша кога ќе и дувнете во уво?
- Фала за идејата.

* * *
- Зошто плавуша има плави очи?
- Низ тилот и се гледа небото.

* * *...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на правата на...
1452.- Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден...
1764.- Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од...
1765.- Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби