Пет чаеви што треба да ги пиете за поздраво тело и ум

Многу луѓе се справуваат со настинката со помош  на  препознатливиот домашен лек - шолја чај. Сепак, различните типови чај освен во борбата со настинката, може да бидат корисни и за многу други здравствени состојби.

1. Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир содржи голем број антиоксиданти кои се корисни во борбата со многу болести. Студиите покажуваат дека ѓумбирот е ефикасен во ублажување на гадењето, особено во раната бременост, иако може да ја ублажи и мачнината предизвикана од третмани за рак и операција.
Истражувањата сугерираат и дека ѓумбирот може да помогне во спречување на стомачни чиреви, во олеснување на варењето, воедно и во намалување на болката поврзана со менструацијата.

Некои студии покажуваат дека додавањето на ѓумбир во чајот може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и нивото на липиди кај луѓето со дијабетес.

2. Чај од хибискус

Покрај смелата боја и уникатниот вкус, чајот од хибискус нуди и здрави својства.

Хибискусот може значително да го намали вкупниот и ЛДЛ (лошиот) холестерол, заедно со крвниот притисок.
Уште повеќе, друга студија покажа дека земањето екстракт од чај од хибискус за 6 недели значително го намалува оксидативниот стрес. Сепак, не заборавајте да разговарате со лекар пред да пиете чај од хибискус ако земате диуретици, бидејќи истиот може да има реакција со вашите лекови.

3.Зелен чај

Зелениот чај е исклучително богат со флавоноиди кои можат да помогнат во зајакнувањето на здравјето на вашето срце со намалување на лошиот холестерол и намалување на згрутчувањето на крвта. Истражувањата покажуваат дека овој вид чај може да помогне и во намалување на крвниот притисок, триглицеридите и вкупниот холестерол.

Други истражувања покажаа дека зелениот чај има влијание врз ракот на црниот дроб, дојката, простатата и колоректалниот карцином. Оваа сорта чаеви, исто така, се покажа како антиинфламаторна, што помага вашата кожа да биде чиста и блескава.

Во последниве години, мача – форма на зелен чај – расте во популарност. Mача  е многу фин, висококвалитетен зелен чај во прав направен од целосните листови на чајните грмушки одгледувани во сенка. Со оглед на тоа што е единствената форма на чај во која се внесуваат листовите, мача содржи повеќе антиоксиданси од обичниот зелен чај. Всушност, некои сугерираат дека една шолја мача  е еквивалентна на 10 шолји обичен зелен чај.

4.Црн чај

Шолја црн чај нуди многу здравствени придобивки.
Црниот чај може да игра улога во спречувањето на когнитивниот пад, воспалението, срцевите заболувања, дијабетесот и потенцијалниот рак.

Една студија покажа дека редовното пиење црн чај е поврзано со помал ризик од развој на неврокогнитивно нарушување, како што е деменција, кај постарите лица, особено кај постарите жени.

Ако сакате да  избегнете дијабетес тип 2 и не сте љубител на зелен чај, црниот може да биде ефикасна алтернатива.
Црниот чај содржи и флавоноиди, кои можат да помогнат во намалување на ризикот од рак. Една студија покажа дека исхраната богата со флавоноиди може да помогне во заштитата од рак и срцеви заболувања.

5. Чај од камилица

Чајот од камилица може да го подобри спиењето и да го поддржи имунитетот.

Ако не се чувствувате опуштено пред спиење, размислете да испиете чаша чај од камилица за да се смирите. Бидејќи чајот од камилица е билен чај кој не содржи кофеин, тој може да биде смирувачки пијалок пред спиење.

Камилицата е едно од најстарите растенија со различни лековити својства.

Еден истражување сугерираше дека чајот од камилица може да помогне во стимулирање на имунолошкиот систем, но истражувачите забележаа дека треба да се направат повеќе клинички испитувања. Исто така, студија од 2022 година покажа дека камилицата има антиинфламаторни, антиоксидантни, антиканцерогени својства и го намалува  крвниот притисок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шетаат две нули по пат и здогледу-
ваат една осмица.
-Види ја,сељанка,врзала каиш!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби