Чепкалките со памук не се препорачуваат за детските уши

Памучните чепкалки изгледаат практично, безопасно и лесни за користење, но според многу стручњаци, нивната употреба не се препорачува, особено при чистењето уши кај дете.



Имено, во увото природно се лачи оптимална количина секрет којшто има своја цел - заштита и чистење на ушниот канал. Во повеќето случаи, и ушите на возрасните, и кај децата, самите си го регулираат вишокот ушно „жолтило“ и не треба дополнително чистење.

Сепак, кај некои луѓе - вклучително и деца, може да има прекумерно наталожување „жолтило“, што може да предизвика блокирање на ушниот канал. Тоа може да е проследено со проблеми со слухот, ѕвонење, затнатост, болка, чешање, па дури и непријатен мирис. Во такви случаи, секогаш се препорачува посета на педијатар, кој може безбедно и делотворно да го отстрани вишокот секрет.

Користењето стапчиња за чистење на ушите на детето може да доведе до сериозни проблеми, пишува „Кликс“.

Чепкалките, пред сѐ, наместо да го извадат, може само да го турнат „жолтилото“ подлабоко во ушниот канал, зголемувајќи ја опасноста од оштетување на каналчето и тапанчето на увото. Тоа може да резултира со болка, крвавење или, во краен случај - и губење на слухот.

Затоа, има и побезбедни начини да го отстраните вишокот „жолтило“ - на пр. со влажна крпа и нежно бришење на површината на увото. Има и посебни производи за деца, за омекнување на секретот, коишто се купуваат вo продавница.

Исто така, може да го научите детето - по капењето да ја навалува главата настрана, т.е. на двете страни за да истече сета вода, сосе сите валканици.

Преку соодветно внимание и грижа, може да се обезбеди здравјето на ушите кај детето без опасности од повреди или инфекции. Во случај на посериозни симптоми или несигурности, секогаш консултирајте се со педијатар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби