Обемна половина значи поголема опасност од рак

Големината на половината кај една личност може да биде признак за можноста за развој на рак, откриваат новите истражувања. Според наводите, и мажите и жените со вишок масти околу половината имаат зголемен ризик од појава на некој вид рак - за 11 отсто. А, тоа е случај и ако човекот вежба, пишува британски „The Sun”.



Испитувањето опфатило повеќе од 315.000 лица. Инаку, опасноста почнува да се јавува кога обемот на половината надминува 102 сантиметри кај маж и 88 см - кај жена, што се препорачаните граници поставени од Светската здравствена организација (СЗО). Истражувачите од Универзитетот на Регенсбург во Германија ги проучувале луѓето кои биле во рамките на нормалното, според СЗО, или ги следеле нејзините упатства за вежбање, во споредба со оние кои не ги исполнувале условите.

При следењето и набљудувањето, за 11 години, речиси 30.000 луѓе развиле рак.

Стручњаците препорачуваат 150 - 300 минути умерено вежбање неделно, или 75 - 150 минути енергично вежбање, или комбинација од двете.

Се смета дека оваа поврзаност би можела да се должи на вишокот телесни масти кои влијаат на нивото на хормоните. Поголемото ниво естроген и тестостерон го покачуваат инсулинот и предизвикуваат воспаление. Секој од овие фактори е поврзан со зголемена можност за рак.

Умерените активности, според стручњаците, вклучуваат пешачење, чистење, возење велосипед и бадминтон. Интензивните активности, исто така, вклучуваат пешачење, трчање, работа низ градината, брзо возење велосипед, фудбал, кошарка и тенис.

Трудот, во суштина покажа дека оние со поголем струк имаат ризик од рак дури и ако вежбаат. Непридржувањето до некое од упатствата ја зголемува опасноста од рак кај луѓето за 15 отсто. Претходните испитувања, од друга страна, покажале дека вежбањето и здравата исхрана - полна овошје и зеленчук, го намалуваат ризикот од развој на рак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби