Аткинсова диета

Една од најпознатите диети на светот. Посебно им е привлечна на лицата кои безуспешно пробале да изгубат од тежината со помош на нискокалорични, безмасни диети, а се спроведува со целосно исфрлање на јаглените хидрати од исхраната, како и консумирање на сите видови месо.

Аткинсоновата диета е наменета за предебелите лица, лицата заболени од дијабет тип 2, лицата со висок холестерол и триглицериди во крвта, како и лица зголемен крвен притисок.

Мора да споменеме дека многу нутриционисти не препорачуваат подолга примена на Аткинсовата диета бидејќи исхраната која содржи големи количини заситени масти и холестерол, за лицето може да значи ризик од срцеви болести. Исто така, познато е дека со разградување на протеините настануваат мали количини на кетонски спојувања, а во тие реакции спонтано настанува и ацетон. Тој во многу мали количини го намалува чувството за глад, но повеќе, ги оптоварува бубрезите, гихтот, хроничниот хепатитис и дијабетесот, како и кај трудниците и доилките.



Предности:

- нема да сте гладни.

- не мора да јадете само три пати дневно.

- не треба да ја мерите храната и да подготвувате посебни јадења.

- не мора да пиете таблети или чаеви против зголемен апетит.

- вашите мускули и кожата ќе ги задржат тонусот и напнатоста.



ФАЗИ на Аткинсовата диета

Аткинс диетата ја поделил во три фази: вовед, спроведување и губење на телесната маса, како и фаза на одржување на телесната маса:



1. Фаза (две недели)

Во текот на воведната фаза внесувањето на јаглените хидрати е лимитирано на не повеќе од 20 гр. дневно.



Можете да јадете:

Сите видови месо-јунешко, пилешко, телешко, јагнешко, гуска, патка, мисирка, сите видови џигерчиња и дивеч (печено со масло или варено). Дозволено е сушено месо и колбаси.

Сите видови риби-морски, слатководни и сите видови конзерви од риба (туна, сардини, скуша). Дозволени се и школки и ракови. Сите видови зеленчук-зелена салата, свежа и печена пиперка, домати, краставици, карфиол, штавељ, морков, брокула, свежи ротквици или кисела зелка, цвекло, кромид, спанаќ, печурки, магдонос, целер, прокељ. Салатите може да се зачинат со масло, оцет, црн пипер и сол. Ако сакате можете да јадете кисела павлака, јајца и ајвар.

Сирења, овчо, козјо, крем-сирење, гауда, моцарела, рокфорт, камемберт, чадено, ементалер, едамак итн. но не повеќе од 120 гр. дневно.

Можете да пиете: минерална вода, лимонада без шеќер, обична вода, кафе и сите видови чаеви без шеќер.



Не смеете да јадете:

Леб и печива, компири, брашно, ориз, леќа, грав, грашок, лебни трошки похувано месо, тестенина, кикирики, бадеми, лешници, виршли, брашно (ниту запршка), млеко, путер, слатка павлака, јогурт, разни пудинзи, шлаг, колачи, сладолед, шеќер, чоколада, благи и солени грицки и овошје.

2. Фаза (две недели)

Можете да јадете се како во првата фаза, но логично почнете да експериментирате со различни видови јаглени хидрати, додека не се осигурате кои се најлибералните дози што може да ги внесувате, а и понатака да губите од телесната маса. Во оваа фаза можете по малку да јадете овошје, а дозволени ви се и две чаши бело вино дневно. Се останато и натаму е забрането.



3. Фаза (продолжува доживотно)

Во текот на последната фаза утврдете ја количината на јаглени хидрати што може да ја консумирате, а притоа да успеете да ја задржите идеалната тежина. Не ретко на лицата кои ја спроведуваат оваа диета им се сугерира, во остатокот од животот да ја внесуваат оптималната количина јаглени хидрати, никако повеќе.

Според д-р. Аткинс, повеќето лица мора да го лимитира внесувањето на јаглени хидрати на 60 гр. дневно.



Запомнете!

5 гр. јаглени хидрати имаат:

- 3/4 мала шолја варен спанаќ;

- 1 средно голем домат;

- 2/3 мала шолја варена брокула;

- 1/3 мала шолја кромид;

- 15 дгр. сирење;

- 3 дгр семки;

- 1/4 мала шолја малини или боровница;

- 5 дгр пилешко.



Важно!

За да ја надоместите потребата од хранливи материи, што сте ги исклучиле, потребно е од почетокот на диетата, задолжително да земате витамини Ц и Б, како и калциум, магнезиум и цинк.

Ако се придржувате на точните упатства и јадете само храна што смеете и пиете витамини-успехот нема да изостане. Но, имајте во вид дека ако само еднаш изедете парче леб или било каква ситница што содржи јаглени хидрати, организмот ќе го блокира топењето на масните наслаги.



Предлог мени

Појадок:

- омлет со домат и шунка, кафе со вештачки засладувач;

- подебело парче сирење (120 гр.) и една кисела павлака;

- конзерва туна и свежо кравјо сирење (120 гр.).

Ручек:

- мешана салата со печено пилешко;

- печени свински ребренца и салата од краставица со павлака;

- зеленчук печен во вок тава (печурки, моркови...) и зелена салата;

- омлет со печурки и салата од сирење и домати;

- октопод печен во рерна со морков и варен штавељ;

- печено телешко во сос од зеленчук и варен прокељ;

- џигерче на скара со варен карфиол и брокула;

- пилешки филети со шопска салата.

Вечера:

- салата од пилешко со мајонез, сенф и целер;

- салата од зеленечук и месо или туна;

- препечено парче кртина и зелена салата;

- парче сувомесното и спанаќ со павлака;

- чинија шопска салата;

- омлет со буковка (печурки).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби