Кажете им збогум на масните наслаги

Сакате витко и цврсто тело, но наместо тоа имате виснат задник, љубовен појас, млитави раце...? Одговорот можеби лежи во вашите хормони, тврди научникот и експерт за отстранување на вишокот килограми, Мари Клер Вилсон.

Таа истакнува дека хормоните играат голема улога во начинот на кој масните наслаги се наталожуваат и на кои делови од телото. Ви нудиме ефикасни начини како целно да ги нападнете тие тврдоглави критични зони.

Вишокот или недостатокот на хормони влијае на наталожување на салото, но ако воочите во што е проблемот и ако се потрудите да го решите на вистински начин, резултатите сигурно нема да изостанат. За да го постигнете тоа, покрај исхраната која ќе треба да ја промените, не заборавајте дека потребен е и активен и редовен тренинг.

ВИСНАТ ЗАДНИК

Обемниот и мек задник и бутини кај повеќето жени се резултат на вишок на естроген. Нивото на овој хормон природно е повисоко кај жените отколку кај мажите и токму тоа ја објаснува женската заоблена фигура.

Решение

Исхрана: Од исхраната исфрлете го рафинираниот шеќер, слатките, белиот леб и вообичаениот појадок богат со житни снегулки. На вашето мени воведете повеќе брокула, зелка и карфиол. Тие содржат фитохемикалија која ја подобрува обработката на естрогенот во црниот дроб.

Пред да започнете со овој начин на исхрана проверете ја штитната жлезда бидејќи овој вид на зеленчук може да предизвика симптоми слични на оние кои се јавуваат кога штитната жлезда не функционира добро.

Јадете храна богата со природни влакна и помогнете го варењето на храната.

Додаток во исхраната: Во исхраната додадете калциум кој на вашето тело ќе му даде молекули кои го деактивираат естрогенот.

Вежби: Наместо долготрајни исцрпувачки кардио вежби, практикувајте тренинг на сила и зголемете го нивото на тестостерон.

ДЕБЕЛИ ЗГЛОБОВИ

Ова може да означува и недостаток на хормонот за раст кој е важен за балансирање на мекото ткиво и мастите во телото. Кортизолот го спречува лачењето на хормонот на раст, па оттаму вашите зглобови можеби се последица на долг и стресен период.

Решение

Исхрана: Во исхраната вметнете протеини и природни масти. Избегнувајте бисквити, десерти, како и готови јадења.

Додаток во исхраната: За да се произведе хормонот на раст, едноставно потребен ви е сон. Исто така, може да се обидете со консумирање магнезиум или билни чаеви.

Вежби: Добро спијте и правете вежби со тегови.

МЛИТАВИ НАДЛАКТИЦИ

Млитавите раце се многу честа појава кај жените и може да означуваат недостаток на машкиот хормон тестостерон. Имено, како на мажите, и на жените им е потребен тој хормон бидејќи истиот игра важна улога за виткото тело. Недостатокот на овој хормон често значи и високо ниво на кортизолот, кој е предизвикан од стрес.

Решение

Исхрана: Мастите се основа за производство на бројни хормони, особено на тестостеронот. Затоа, јадете јаткасти плодови, јајца и путер. Избегнувајте ги колачите и бисквитите. Внесувајте доволно протеини потребни за изградба на мускулно ткиво, но избегнувајте ја сојата, за која се покажа дека има влијание врз машките и женските полови хормони, како и врз штитната жлезда.

Додаток во исхраната: Магнезиумовото масло, кое може да го најдете во продавниците за здрава храна, може да ви помогне за добар сон, а со тоа и за намалување на стресот.

Вежби: Тренинзите со тегови го поттикнуваат производството на тестостерон. Склековите и кревањето на вратило неизмерно помагаат за раст на мускулите на рацете.

ЉУБОВЕН ПОЈАС

Облините на колковите можат да бидат последица од преголемо лачење на инсулин кого го стимулираат рафинираните јаглехидрати и шеќери. Нив може да ги предизвика и претерана консумација на алкохол, кој исто така влијае врз шеќерот во крвта, како и врз хормоните.

Решение

Исхрана: Ова подрачје е релативно лесно за слабеење со диета бидејќи нивото на инсулин релативно лесно се регулира со правилна исхрана. Јадете што повеќе риба и зеленчук.

Додаток во исхраната: Пробајте да го забрзате метаболизмот со зелен чај.

Вежби: Тренингот со тегови може да му помогне на вашето тело полесно да го регулира инсулинот.

МАСНИ НАСЛАГИ НА ПОЛОВИНАТА

Виновник за оваа лоша глетка е високото ниво на хормоните на стрес, примарно кортизолот. Коризолот го зголемува нивото на шеќер во крвта, што докажано го зголемува наталожувањето на масни наслаги во подрачјето на половината и стомакот. Луѓето кои се склони кон наталожување на масни наслаги во тој дел од телото видливо се под стрес, напнати се или, пак, изгледаат преморени.

Важно е да знаете дека прекумерното вежбање е исто толку лошо колку и воопшто да не вежбате. Кардио тренингот, како што се трчањето и аеробикот, во времетраење од 40 минути или повеќе, го поттикнува производството на кортизол.

Решение

Исхрана: Потполно исфрлете или намалете ја консумацијата на шеќери и алкохол, со најмногу две чаши кафе или чај на ден. Внесувајте здрави масти како оние што ги има во рибата или во авокадото. Секако, настојувајте да јадете и грав, леќа, овес и непреработени житарици.

Додаток во исхраната: Потребни ви се Омега 3 масни киселини, како и витамин Д, за одржување виткост на телото, заедно со Б комплекс, кој делува анти-стресно.

Вежби: Не повеќе од 40 минутен тренинг со тегови. После вежбањето јадете.

МАСНИ НАСЛАГИ НА РАМЕНАТА И ГРБОТ


Масните наслаги во овој дел од телото често се резултат на неспособноста на телото ефикасно да ги разградува шеќерите и храната како што се тестенините и житариците кои се богати со скроб и јаглехидрати. Инсулинот е хормон заслужен за складирање на храната после нејзината консумација.

Ако храната богата со скроб и шеќери лесно го совладува вашиот инсулински систем, веројатно тоа сте го наследиле од вашите далечни предци. Исхраната на древните ловци била базирана на месо и сезонско овошје и зеленчук со комбинација на тешки телесни напори. Тоа значи дека нивниот инсулински систем не морал да ја преработува онаа количина на шеќери и скроб која што денешниот човек мора.

Решение

Исхрана: Значајно намалете ја консумацијата на скроб и јаглехидрати, кои најмногу ги има во доматите и житариците. Ако сепак сакате да внесувате јаглехидрати, ви препорачуваме комплексна храна како што е кафеавиот ориз, овесот и коренестиот зеленчук.

Додаток во исхраната: Омега 3 масните киселини од рибино масло му помагаат на телото во обработката на шеќери, како и во губењето на масни наслаги генерално. Витаминот Б помага за подобро производство на телесна енергија. Ако имате потреба за чоколадо, земајте минерални додатоци кои содржат хром и магнезиум.

Вежби: Било каков вид на вежби ќе му помогнат на инсулинот во разградувањето на шеќерите и скробот. За поголем ефект, вежбајте пред јадење и пијте протеински шејкови со мал процент на јаглехидрати, после што ќе треба да јадете и храна богата со протеини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се венчале Мујо и Фата и на првата брачна ноќ Мујо се соблекува и &иацуте; вика на Фата:
- Види Фато што имам!
А Фата разочарана:
- Абе Мујо, мал ти е.
- Мало, мало ама...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1494.- Колонијалните сили на Португалија и на...
1502.- Роден е италијанскиот римокатолички...
1523.- По победата над Данците, Густав Вас е...
1848.- Во Санкт Петербург умре Висарион...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби