ВИТАМИНИТЕ СОЈУЗНИЦИ НА ЗДРАВЈЕТО

Како нашиот организам да биде здрав?

Ги има тринаесет и само со нив нашиот организам може да биде здрав, а најновите истражувања покажуваат дека витамините не чуваат и од многу болести, од канцер, стерилитет и од срцевите заболувања. Витамините му овозможуваат на организмот да живее и да се штити од влијанието на т.н. „слободни радикали“. Освен тоа, научните истражувања докажуват дека витамините имаат превентивна улога кај разни заболувања.

За жал организмот не е во состојба сам да ги создава витамините поради што сме принудени да ги внесуваме преку исхараната . На прашањето дали храната која ја консумираме ги задоволува дневните потреби за витамини, дали со конзервирање или варење тие се уништуваат, како и кој е начинот да ги сочуваме во што поголеми количини одговорите ќе ги најдете во текстот што следи.

Два вида на витамини

Витамините се органски молекули кои овозможуваат организмот да создава енергија, истовремено заштитувајќи го од влијанието на оксидационите агенси (слободни радикали) поради кои ткивото старее ,а исто така учествуваат и во создавањето на антитела и некои хормони.

Фактот што организмот не е во состојба сам да ги произведува витамините (освен минимални количини на витамин Д кој се создава во кожата и под влијание на сонцето) не приморува да ги земаме преку храната. Меѓутоа сите витамини немаат иста функција и не се наоѓаат во исти продукти.

Врз основа на начинот како организмот ги „чува“ витамините,тие се делат на два вида: липосолубилни и хидросолубилни.

Под „липосолубилен“ се подразбира супстанција која се раствара во мастите: липосолубилни витамини А, Д, Е, и К, организмот ги впива заедно со мастите. Земени со храна, витамините преоѓаат во крвта и се таложат во ткивата (пред се во ткивото на црниот дроб) кој во овој случај има улога на „магацин“.

Така „магацирани“, витамините растворени во мастите можат да останат во организмот и повеќе години. Само кај строги и долготрајни диети или кај болести кои го оневозможуваат примањето на мастите односно витамините, организмот може да остане без овие драгоцени состојки.

Важно е да се знае дека не треба да се претерува со липосолубилните витамини, зашто организмот не е во состојба да го отстрани вишокот (за разлика од хидросолубилните витамини) и така може да се предизвикаат извесни тегоби.

Хидросолубилните витамини се раствараат во вода и ги има девет. Тоа се: витамин Ц, шест витамини одгрупата Б, ПП и Х.

Витамините од оваа група не можат долго да се задржаат во организмот (освен витаминот Б12) затоа и често се чувствува нивниот недостаток. Вишокот од овие витамини нема да остане како резерви туку ќе биде исфрлен преку мокрачата или потта.

Поради неможноста да се „складираат“, продуктите во кои се наоѓаат овие витамини би требало да бидат присутни секогаш во менито на секој човек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби