Церар: Постои опасност од повторување на мигрантската криза

Љубљана, 23 септември 2016 (МИА) - Словенечкиот премиер Миро Церар предупреди дека постои опасност од повторување на ланската миграмтска криза во Европа, што, според него, би можело да го загрози европското единство и да предизвика судири меѓу балканските земји.

- Евентуално повторување на масовната мигрантска криза би ја загрозило ЕУ. Доколку во таков случај земјите членки на дејствуваат единствено, тоа би го довело во прашење опстаникот на Унијата, изјави синоќа Церар за државната словенечка телевизија.

Тој нагласи дека при евентуален нов прилив на бегалци по балканската рута Словенија ќе мора да дејствува решително во заштита на својата граница кон Хрватска. 

- Повторувањето на мигрантската криза не само што ќе резултира со затворање на границите и меѓусебни расправии, туку тоа би можело да предизвика и судири меѓу државите на Балканот, додаде Церар.

Како што јави Хина, словенечкиот премиер потенцира дека земјите од ЕУ не треба да дозволат повторување на искуството од 20-от век кога европското неединство доведе до две големи војни во Европа.

- Успешното решавање на мигрантискиот проблем, особено по Брегзитот и дугите кризи во европското соседство, би имало позитивно влијание врз развојот на европската идеја, заклучи Церар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...