Познатиот албански публицист Кастриот Мифтарај изјави дека „оние кои војуваа во Куманово не заслужуваат да се наречат херои“.

Според него, казната која им е изречена е многу мала.
- Вистината можеби боли, но според мое мислење, тие се неколку обични платеници, кои војуваат за пари. Тие се обидоа да предизвикаат војна меѓу Косово и Македонија, изјави Мифтарај.