Грчките медиуми за притворот на Јанева

„Скопје: Уапсена специјалната обвинителка за борба против организиран криминал“; „Скандал во Северна Македонија: Уапсена специјалната обвинителка за изнуда“; „Скопје: Уапсена за рекет обвинителката за борба против организиран криминал“, се дел од насловите во грчките медиуми за одредениот 30-дневен притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.



Како што jави дописничката на МИА од Атина, онлајн изданијата на медиумите во Грција, како и грчките информативни портали го пренесуваат текстот под наслов „Северна Македонија: Уапсена за изнуда специјалната обвинителка за борба против организиран криминал“, објавен синоќа од грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Катица Јанева поднесе оставка минатиот месец, кога локални медиуми открија нејзина наводна вмешаност во рекетот на бизнисменот Орце Камчев. Таа негира каква било нејзина вмешаност. За истиот случај, уапсени се други двајца осомничени дека наводно зеле вкупно 1,5 милиони евра од Камчев, пишува АНА – МПА.



Грчката новинска агенција објаснува дека Специјалното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал беше формирано „врз основа на договорот на Северна Македонија со ЕУ во 2015 година, со кој беше прекината тогашната политичка криза во земјата“.

Во текстот на АНА-МПА, преземен од дел од грчките медиуми, пренесена е и изјавата на јавниот обвинител Љубомир Јовески од вчерашната прес-конференција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...