Вучиќ: Србија не може да ја признае независноста на Косово без компромис

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави денеска дека неговата земја не може да ја признае независноста на Косово, доколку не се дојде до компромисно решение, додавајќи дека ставот на Белград за ова прашање не е лесен.



-Нашата позиција воопшто не е лесна… Албанците очекуваат да добијат потврда за она што мислат дека го имаат. И тие не се ни малку подготвени да се согласат затоа што ќе треба да признаат дека никогаш нема да им биде консолидирана државата без Србија. Секако најголемиот притисок ќе биде врз Србија. Но, Србија не може да ја признае независноста доколку не се постигне компромисно решение. И тука нема некоја филозофија. И може да не мачи кој и да сака, рече Вучиќ на прес-конференција.

По разговорите со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи во Белград, Вучиќ повтори дека Србија сака да постигне компромисен договор со Приштина, но дека договорот не би можел целосно да ги исполни целите на една страна без српската страна да добие ништо.

Вучиќ рече дека треба да се овозможи договор во кој двете страни подеднакво би загубиле и подеднакво би добиле.

-Обновувањето на односите меѓу Србите и Албанците и постигнување траен мир меѓу двете најголеми нации на Западен Балкан ќе биде од голема корист, не само за овие два народа, туку и за сите други народи кои живеат во регионот, рече Вучиќ.

Тој кажа дека најголем дел од разговорите со сенаторите биле на темата Косово и им се заблагодари на гостите што се обидуваат да најдат решение за продолжување на дијалогот и за изнаоѓање на компромис меѓу Белград и Приштина.

-Интересот на Србија е да го интензивира политичкиот дијалог на високо ниво, рече Вучиќ, додавајќи дека односите меѓу Србија и САД се партнерски и се подобри, но и дека има уште простор за натамошно подобрување.

На состанокот присуствуваа и амбасадорот на САД во Србија, Кајл Скот, и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Пред два дена, американските сенатори беа во Приштина, порачувајќи дека ќе биде потребна пожртвуваност и компромис на двете страни за дијалогот да биде успешен, но дека последиците ќе бидат позитивни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...