Радев: Поддршката на Северна Македонија не е безусловна

Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцијата, но не на сметка на бугарската историја и идентитет, кажа претседателот Румен Радев на средба со бугарските претставници во Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.



Радев им изрази благодарност на членовите на комисијата за досегашните резултати на Комисијата, но искажа и загриженост од тоа што последниот состанок во Софија заврши без напредок за спорните прашања.

– Напредокот во вашата работа е основен критериум за исполнувањето на Договорот за добрососедство. Последната средба на Комисијата создава неспокојство. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад развојот на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Следниот месец може да биде клучен во нашите односи, зашто Советот на ЕУ може да донесе решение за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија. Ако вие можете да дадете гаранција дека за еден месец Комисијата ќе ги реши сите спорни прашања, тогаш бугарската Влада може да продолжи со политиката на безусловна поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ. Но, ако не може да се даде таква гаранција, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја засегаат и преговарачката рамка за Република Северна Македонија. Нема да допуштиме нерешени меѓусоседски проблеми да бидат внесени во нашето европско семејство, кажа Радев.

Во меѓувреме, пак, поддршка за отворање на преговорите на ЕУ со Северна Македонија изрази бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.

На средбата со претседателката на Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент, Мими Кодели, Захариева истакна дека Софија е еден од најголемите поддржувачи на идејата Скопје и Тирана да ги почнат преговорите со ЕУ во октомври. Ќе биде историска грешка ако двете земји бидат раздвоени и не ги почнат преговорите за членство, нагласи Захареива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...