Вучиќ: Очекувам Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите во март

Очекувам преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени во март, освен ако не се чека Самитот во Загреб во мај, изјави во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон, коментирајќи ги барањата на одредени земји за повторно ставање на гласање на одлуката за старт на пристапните преговорите со двете земји.



– Тие ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите од изборите на 12 април во Скопје. Тие не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил, изјави Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател по синоќешната средба во Париз со Макрон истакна дека иницијативата за укинување на бариерите за слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија е поважна од повлекувањето на признавањето на Косово.

На прашањето дали добил поддршка од Макрон за „Малиот Шенген“ и дали очекува притисок поради идејата, Вучиќ одговори дека оваа иницијативата нема да ја нарече со тоа име, иако веќе е влезена во секојдневна употреба, бидејќи тој назив „вознемирува некои луѓе, а и заради географската одредница“.

– Никој не може да каже дека таа иницијативата може некому да му пречи, затоа што не постои рационална причина за тоа. Иницијативата е поддржана од САД и Макрон тоа ќе го стори јавно. Но, на некои земји може да им се каже да речат дека се против тоа заради нешто, затоа што сфатиле дека ја земаме судбина во свои раце и самите ги решаваме сопствените проблеми, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека ни на членови на неговото семејство не може да им ја објаснам важноста на оваа иницијатива. – Постариот син смета дека е позначајно повлекувањето на признавањето на независноста на Косово, а тоа не е ни близу до тоа, рече Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека е неопходно „да се стави на видело“ европската иднина на регионот, додавајќи дека започнувањето преговори и потоа задржување десет години во отворање на поглавјата, само доведува до зголемување на бројот на противници на ЕУ.

Во исто време, смета Вучиќ, францускиот претседател Макрон е во право кога вели: „ќе преговарате, а потоа 10 години ќе отворате поглавја“.

Притоа, според Вучиќ, ова ќе доведе до целосен „егал“ на противниците и поддржувачите на ЕУ во земјите од регионот.

– Макрон, за разлика од другите, ја кажува вистината и не е лицемерен, додаде тој.

Вучиќ истакна дека на Србија не и пречи да продолжи да преговори по поглавјата и во меѓу време да бидат отворени структурните фондови со што земјата би добила над една милијарда евра со кои би се живеело подобро.

– Но, тоа нема да се случи, истакна Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...