Невремето „Викторија“ создаде проблеми во цела Грција

Затворени училишта, поплавени улици, паднати дрвја, лизгање на земјиштето, во повеќе делови на Грција предизвика невремето „Викторија“, што од вчера ја зафати земјата, а најпогодени се Крит и островите во Јонското море. Особено е погоден островот Крф, каде што денес се затворени училиштата, јави дописничката на МИА од Атина.



Противпожарната служба на Крф, според локалните медиуми, била повикана да интервенира за сечење и отстранување на паднати дрвја. Поради силниот ветер, бродовите на островот останале закотвени на пристаништата, а обилниот дожд предизвикал поплави и проблеми на улиците. Градоначалниците од општините на Крф, доцна синоќа, на вонреден состанок и во координација со директорите на училиштата, одлучија денеска, основните и средните училишта да бидат затворени.

Невремето ги погоди и останатите острови во Јонското море, на Закинтос и Кефалонија, создаде проблеми и материјална штета на улиците, но и на домови.

Најголемо количество дожд, грчката Национална опсерваторија во текот на вчерашниот ден регистрира на островот Итака, каде што за околу осум часа заврнале 71 сантиметри на метар квадратен.

Дополнително ќе се пресметуваат и ќе се санираат штетите од „Викторија“ на островите во Јонското море. Во текот на вчерашниот ден, невремето го погоди и островот Крит, а од доцна синоќа и Атина. Обилниот дожд, утрово создаде проблеми на улиците во грчката престолнина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...