Љаиќ: „Малиот Шенген“ не е нова Југославија

Српскиот вицепремиер и министер за трговија, Расим Љаиќ, изјави дека најновата иницијатива за поврзување на сите економии на Западен Балкан, позната како „Мал Шенген“, од самиот почеток е придружена со премногу политизација и премалку прагматичен и рационален пристап.

Љаиќ во авторскиот текст за денешна „Политика“, истакна дека оваа иницијатива треба да се гледа „исклучиво преку економска призма, а политичката корист се гледа пред се во стабилизирање на Западниот Балкан и создавање клима во која полесно ќе се решаваат политичките проблеми и отворените прашања од минатото“.

-Ние во регионот испробавме сè, од омраза и национализам до војна, но сè уште не сме се обиделе да бидеме нормални и прагматични, изјави Љаиќ.

Тој потенцираше дека „ова во никој случај не е создавање на некој нов сојуз, на нова Југославија, на нов Балкан, туку сублимирање и заживување на сите регионални иницијативи кои досега постоеа, од ЦЕФТА, преку Советот за регионална соработка, до Берлинскиот процес, кои во основа имаа слободен проток на луѓе, стоки, идеи, капитал “.

Љаиќ додаде дека регионот како целина економски заостанува зад развиените земји и дека ова е клучна причина што укажува на неопходноста од придвижување на оваа иницијатива.

-Просечниот развој на инфраструктурата на Западниот Балкан е за околу 50 проценти понизок од просекот на ЕУ, а со овие стапки на инвестиции, на регионот му требаат 33 години само за да го достигне сегашното ниво на инфраструктурни објекти на ЕУ, рече Љаиќ во авторскиот текст во Политика.

Тој посочи дека уделот на високи технологии во извозот на земјите од Западен Балкан се движи од 1,7 проценти во Албанија до 7,8 проценти во Србија, додека учеството на високи технологии во извозот на Чешка е 20 проценти, а во Словенија 19 проценти.

-За да се зголеми животниот стандард за секоја земја со помалку од 10 милиони жители, потребно е уделот на извозот во БДП да биде над 50 проценти, а таков резултат сама не може да постигне ниту една земја во регионот, нагласува Љаиќ.

Тој оцени дека „Малиот Шенген“ не е политички сојуз, ниту алтернатива на Европската унија, која е цел за секоја земја во регионот, но нивните економии се конкурентни за настап на глобалниот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...