Турскиот Врховен суд најверојатно ќе одобри пренамена на Света Софија

Анкара, 9 јули 2020 (МИА) – Турскиот Врховен суд најверојатно утре ќе донесе одлука дека пренамената на црквата Сфета Софија во Истанбул во музеј во 1934 година било незаконско, изјавија двајца неименувани официјални претставници.

Ако судот донесе таква одлука, тогаш се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија.

Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Пред минатогодишните избори претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја најави можноста Света Софија да се пренамени во џамија. Религиозните фанатици веќе долго време бараа ова Светско културно наследство на УНЕСКО повторно да се претвори во џамија. Додека противниците на пренамената на Света Софија оценуваат дека актуелниот музејски статус е симболна секуларниот Устав на Турција.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на Света Софија е прашање на националниот суверенитет.

Турските планови за Света Софија не наидоа на одобрување од САД, Русија, Грција и црковните власти.

Вселенскиот партијарх Вартоломеј, духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани, чие седиште е во Истанбул, изјави дека пренамената на Света Софија во џамија ќе ги разочара христијаните и ќе предизвика раздор помеѓу истокот и западот. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...