Комисијата за заразни болести во Грција предлага задолжително носење маска во затворен простор

Од ново да се воведе задолжителното носење маска во затворен простор, предложила Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство на Грција, по зголемениот број позитивни случаи во земјата и појавите на опуштеност кај граѓаните, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.



Според грчката телевизија „ЕРТ“, епидемиолозите предложиле обврската за носење маска да се однесува на продавници, супермаркети и сл.

Препораката на епидемиолозите е до Владата која ги носи конечните одлуки, а минатата седмица беше укината мерката за носење маска во моловите и трговските центри.

Професорот микробиолог и член на експертската комисија Алкивиадис Ватопулос за онлајн изданието на весникот „Етнос“ вели дека „иако основната мерка е држењето растојание, сепак маската е основна алатка за заштита“.

-Затоа, ставот на комисијата, кој што е непроменет, е дека маската треба да се користи во затворени простори, но и во отворени доколку има гужва или предвидено е да има гужва, вели Ватопулос.

Професорот по здравствена политика на Факултетот за економија и политички науки од Лондон Илиас Мосиалос, кој воедно е и претставник на Грција за Ковид-19 на меѓународната сцена, преку неговиот официјален „Фејсбук“ профил се осврна на важноста на употребата на маска, коментирајќи дека користењето „не нè прави хипохондрици“, а како пример сподели истражување на американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC), според кое во фризерски салон, двајца стилисти од заразени со Ковид-19 поминале најмалку 15 минути со секој од 139-те клиенти, а бидејќи сите носеле маски, никој не се заразил.

-Да внимаваме и да носиме маска во сите простори во кои имаме контакт со луѓе за кои не знаеме дали се заболени со Ковид-19. Маската не значи дека преувеличуваме, ниту нè прави хипохондрици. Маската нè штити нас и тие околу нас, напиша Мосиалос.

Во Грција, маската е задолжителна во јавниот превоз, авиони, бродови, траекти, возови, додека пак за затворените простори постои само препорака за носење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...