,,Катимерини“: Ривалството меѓу Софија и Скопје создава нова пукнатина на југоисточното крило на НАТО

Инсистирањето на Бугарија да го блокира стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, претставува ризик од создавање на уште една пукнатина на југоисточното крило на НАТО, во услови кога постојат длабоки поделби и меѓу две други членки на Пактот во регионот – Грција и Турција, оценува електорнското издание на грчкиот весник „Катимерини“.



Според весникот, меѓу Софија и Скопје се создава нов судир „заради два века стара контроверза врз етничка основа“.

– И Бугарија и Северна Македонија се клучни членки на Алијансата во регионот. Бугарија со нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија, а Северна Македонија како тампон зона против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно ги чувствуваат последиците од американско-рускиот конфликт за влијание, додава весникот.

Според „Катимерини“, засега се чини дека ривалството меѓу Софија и Скопје не влијае врз НАТО, кој е на ставот дека станува збор за „европско прашање што треба да го решат земјите членки на ЕУ“.

– И да е така, блокадата на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ не произлегува од критериумите за членство, како потребата од зајакнување на демократијата или сузбивање на корупцијата, туку таа се базира на историски тврдења што го поттикнуваат национализамот на двете страни и тоа наскоро би можело да има влијание и врз НАТО, доколку овие разлики не бидат надминати, се додава во коментарот на атинскиот весник.

„Катимерини“ оценува дека сите овие случувања ја зголемуваат „антибугарската треска“ во Северна Македонија, а ставовите на Скопје кон Софија стануваат се поагресивни.

Весникот наведува дека властите во Скопје го одбија барањето на Софија да учествува во контролата на НАТО на воздушниот простор над Северна Македонија и се повлекоа од учество во проектот за бугарската нуклеарна централа „Белене“, поддржувајќи го наместо него проектот за природен гас во северногрчкото пристаниште Александрополис.

– Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичката елита сака да профитира од националистичките чувства, обидувајќи се да создаде нова балканска агенда базирана на периодот од Отоманската Империја и големите аспирации од 19-от век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека се оддалечуваат од вистинскиот пат, заклучува „Катимерини“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...