Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието на Косово до крајот на месецот

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии.



По двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Курти истакна дека законските рокови течат и дека конституирањето на новиот собраниски состав мора да се случи во последната недела од јули.

„Ќе сториме сè што можеме за да го оствариме тоа во дух на соработка, со идеја за консензус или компромис, за потоа да преминеме на формирање нова влада“, рече Курти.

Тој додаде дека на средбата биле разгледани сите аспекти на процесот на конституирање на Парламентот. Курти нагласи дека треба да се почека завршувањето на средбите на претседателката со претставниците на другите партии за да се процени дали ќе има доволно напредок.

Уставниот суд на 26 јуни ги задолжи пратениците да го конституираат Собранието во рок од 30 дена. Во саботата, на повик на Курти, беше одржана средба со претставници на сите парламентарни партии, освен Српската листа, но не беше постигнат договор.

Претседателката Османи за денеска закажа средби со лидерите на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, за да разговара за излез од актуелната ситуација, со оглед на тоа што косовскиот парламент не е конституиран и по 37 обиди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...