Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ.



Кривична пријава е поднесена и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в ст.1 од КЗ. М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник, во период од 09.11.2020 до 11.11.2024 во 410 наврати.

-Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, континуирано присвоила вкупно 8.276.434 денари кои и биле доверени во службата, така што парите кои во готовина ги примала од наплатувачи-оператори од наплатни центри на јавното претпријатие наместо сите да ги евидентира и внесува во сметководствена документација и да ги уплати на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, истата противправно дел од парите ги присвоила и задржала за себе, а во компјутерскиот систем изготвувала документи со преправање и менување-дуплирање на редни броеви и таквите документи, заедно со дел од дневните извештаи-спецификации за кои наменски изготвувала каса прими со дуплиран веќе постоечки број, за да не биде забележана, ги изнесувала од јавното претпријатие и ги уништувала, со што го оштетила јавното претпријатие за 8.276.434 денари, соопшти МВР.

Ј.А., пак, на работно место раководител на Одделение за сметководство и финансова оператива, „очигледно несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности“.

-На тој начин што пропуштила должен надзор и во текот на работењето не извршила контрола над работењето на М.А. ниту пак извршила усогласување на сметководствената со фактичката состојба, односно проверка и споредба на вкупните износи на пари од наплатени сметки од граѓани и износите на пари внесени на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, со што и овозможила на М.А. да се стекне со противправна имотна корист, со што придонела за настанување на финансиска штета, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...