Борисов: Генерации млади Македонци и Албанци во моментов ја мразат Бугарија

Лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов синоќа од состанокот на Европската народна партија (ЕПП) во Љубљана, упати остро критики кон претседателот на Бугарија, Румен Радев и привремената Влада што тој ја назначи, јави дописникот на МИА од Софија.



Според поранешниот бугарски премиер, пропуштени се многу месеци и многу време, а во исто време е создадена „голема тензија во Северна Македонија, во Албанија и во целата ЕУ против Бугарија.

– Бугарија пропушти многу месеци да ја објасни својата позиција, изјави Борисов, додавајќи дека „генерации млади Македонци и Албанци во моментов ја мразат Бугарија“. Борисов е категоричен дека мора и може да се направи компромис.

Според него, на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан Радев „уште еднаш ќе излаже“.

– Тој секогаш ветуваше дека ќе се реши прашањето по изборите, но по кои избори? Тогаш тоа нема да зависи од него, туку од политичките партии што ќе владеат, додаде Борисов.

Тој потсети дека кога беше премиер беше потпишан Договорот за добрососедство и само за 15-20 минути Бугарија и Северна Македонија добија честитки од сите страни.

– Сега диктаторот Радев мора да ја донесува својата одлука и да престанува да залажува дека ќе го реши прашањето по изборите. Ние добро ја браневме и објаснивме нашата позиција, па затоа го потпишавме Договорот за добрососедство. Но, да бидеме оптимисти. Можеби и ќе​​најде храброст. Може еднаш да преземе одговорност и да не се крие под здолништата на политичките партии, рече Борисов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...