ЕК: Ако автобусот на Беса Транс немал лиценца преминувањето граници можеби било нелегално

Според правилата на Европската унија, доколку автобусот на Беса Транс кој имаше несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски патници, немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија.



Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, според информациите што ги доби МИА, не е исклучено тие да биле прекршени, но Европската Комисија не се меша во истрагата.

Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата.

Доколку се утврди во истрага дека превозникот патувал со нелегална или фалсификувана лиценца, може да се очекува Европската Комисија да осуди ваква пракса која не само што е закана за „слободната конкурентност во ЕУ“, туку претставува загрозување на животите на патниците.

Пред неколку дена македонските власти соопштија дека кобниот автобус го нема во базата на податоци на Министерството за транспорт и врски и не е пријавено. Царината порача дека се истражува кој го пропуштил возилото без валидна дозвола.

Според правилата на ЕУ, лиценца не би смеело автобусот да добил од Бугарија, бидејќи европското законодавство не дозволува издавање на лиценци на оператори чии возила се регистрирани надвор од земјите членки на ЕУ.

ЕУ, Турција и Северна Македонија се исто така потписници на мултилатералниот „Интербус Договор“, но согласно текстот на овој договор не предвидува да дозволи никаква трговија со лиценци, објаснуваат експерти од Европската Комисија за МИА.

Бугарија не смее да дава ЕУ лиценца на оператори од трети земји, а со тоа ниту да издава свои дозволи за патувања во рамките на Интербус на возила регистрирани во трети земји, односно вон ЕУ.

Што се однесува до веста дека Беса Транс имала седиште во Ќустендил заедно со 23 други македонски компании на адреса во која живее постара жена, како што јавија бугарските медиуми на денот на несреќата, тука правилата на ЕУ се тие на Пакетот за мобилност 1.

Според оваа законска рамка Европската Комисија може да побара од земја членка на ЕУ да спроведе индивидуални контроли за да провери дали претпријатието ги исполнува условите за дозвола за етаблирање на патни превозници, вклучително тука и условот кој предвидува „стабилно и ефективно етаблирање“ на одредена адреса. Односно да се утврди дали навистина компанијата е етаблирана на таа адреса.

Вакви нелегални пракси не се невидени во ЕУ, поради што Европската Унија го усвои токму тој Пакет за мобилност, чии нови правила ќе стапат во сила од почетокот на 2022. Овие нови правила предвидуваат зајакнување на одредбите за „стабилно етаблирање“ и ги зајакнуваат критериумите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

* * *
Кои девојки повеќе ти се допаѓаат, оние што зборуваат многу или оние другите?
- Кои...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар,...
1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски...
1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа...
1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената...