Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави за шпанскиот весник „Ел Мундо“ дека БиХ „е неуспешен проект“ и дека најдобро решение за земјата е „Бошњаците, Србите и Хрватите да се разделат на цивилизиран начин“.

– БиХ нема да може да опстане од истата причина поради која не преживеа и Југославија. Во БиХ има три народи. Два од нив, Хрватите и Србите, се многу незадоволни. Муслиманите сакаат да создадат единствена држава во која ќе бидат доминантни, истакна Додик.
– Нашата политика не е насочена кон одвојување. Станува збор за друга можност, врз основа на оценката дека БиХ нема да биде успешна како држава. Ако тоа се случи, најдобро е да се разделиме на цивилизиран начин, додаде тој.
Додик потенцира дека Србите нема да „почнат војна за отцепување“, но повтори дека одвојувањето е најдобро „ако не може да се живее заедно“.