Стефановиќ поднесе предлог резолуција во Собранието на Србија за воведување санкции против Русија

Потпретседателот на српското Собрание од редовите на опозицијата, Борко Стефановиќ, соопшти дека до Комисијата за надворешни работи испратил предлог резолуција за усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на Европската унија, со која се предлага воведување соодветен пакет санкции против Русија, кои Владата би морала веднаш да ги спроведе, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние сме единствениот кандидат за членство во ЕУ кои нема воведено рестриктивни мерки против Русија. Се ставаме во реална опасност повторно да бидеме изолирани, изјави Стефановиќ на прес-конференција во Собранието.

Како што појасни, Србија е во реална опасност повеќе од 10.000 компании да се најдат во тешка ситуација, да се загрозат 300.000 работници вработени во компании од ЕУ, како и трговска размена со Унијата, што е 60 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Според Стефановиќ, Србија не смее да се најде „од другата страна на виртуелниот Берлински ѕид, кој повторно се гради“.

Според него, воведувањето пакет санкции од Србија нема да ја загрози Русија, „тоа би било од скромен обем“, но, доколку тоа не се случи, позицијата на државата во однос на Косово би била отежната, како и политичките и економските односи со ЕУ.

Тој најави дека до крајот на ноември предлог-резолуцијата ќе се најде на Комисијата за надворешни работи чиј претседавач е тој и дека за неа ќе се расправа и се надева дека ќе се најде и на дневен ред на Собранието на Србија.

-Мораме да и помогнеме на сопствената земја да ја избегне опасноста од изолација. Србија поради својата чест и интереси не може да стои настрана и да се прави дека не ги гледа промените што се случуваат. Не треба да следиме емоции, туку интереси, заклучи Стефановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...