Вучиќ: Бугарите негодуваат, затоа што сме попопуларни од нив во Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Бегарите негoдуваат бидејќи Србија е популарна од нив во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.



Вучиќ гостувајќи на ТВ Пинк говорејќи за односите во регионот изјави дека мисли „оти односите со Црна Гора се нешто подобри од порано, со Унгарија и Северна Македонија најдобри во историјата и дека Бугарите ни замеруваат затоа што сме попопуларни од нив во Северна Македонија“.

-Со Албанија имаме пристојни односи колку што е можно. (Премиерот Еди) Рама не беше на неодамнешниот саем за вино, но беа албански претставници и некои од нивните вина добија награди. Нивните сорти вино се интересни, не ги сакам овие светски вина. Ги сакам сите вина на нашите браќа Македонци. И 'Плантаже' направи едно добро вино - изјави Вучиќ.

Вучиќ синоќа изјави дека односите со Хрватска ќе бидат подобри кога ќе сфатат дека Јасеновац е срам, а не нешто што треба да се заборави.

Тој рече дека не сака да го коментира протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија и дека тоа е работа на надлежните органи.

-Не го ни спомнав тоа и не сакав да зборувам за тоа, бидејќи мислев дека тоа е прашање на професионален однос. На две сериозни служби како Српската и Хрватска, изјави Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...