Албанските иселеници во првото тромесечие дома испратиле 242 милиони евра

Во првиот квартал од годинава албанските иселеници, на нивните најблиски во татковината, им испратиле 242 милиони евра, што е за 13 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, објави Централна банка на Албанија.

-Она што се забележува е дека пораст на дознаките е забележан не само кај формалните канали, банкарскиот систем и операторите за трансфер на пари, туку и во готовина. Поради тоа приливот на средства се смета дека е многу поголем, објавија медиумите.

Истражувањата покажуваат дека неколку десетици илјади домаќинства редовно добиваат пари од своите роднини, што се смета и како месечна плата.

Италија и Грција водат како земји од каде доаѓа најголемиот прилив, поради големиот број имигранти кои живеат и работат во овие две земји. Следуваат Велика Британија и Германија.

Според Централна банка високите нивоа на дознаки, приходите од туризмот, странските директни инвестиции се главните фактори за силната девалвација на странските валути, посебно еврото. Тоа бележи историски најниска вредност од 100 леки за едно евро.

Минатата година дознаките изнесувале 930 милиони евра или 100 милиони повеќе од претходната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шетаат две нули по пат и здогледу-
ваат една осмица.
-Види ја,сељанка,врзала каиш!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...