Ратко Младиќ бара привремено ослободување од затвор поради тешка болест

Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, преку својот адвокат, побара привремено ослободување од затвор поради влошена здравствена состојба, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на соопштение од Меѓународниот резидуален механизам за кривичните судови во Хаг.



Во барањето се наведува дека медицинската служба на судот го информирала Младиќ и неговото семејство дека болеста му е неизлечива и дека е преминато на палијативна нега со фокус на крајот на животот.

Младиќ, кој беше командант на војската на Република Српска за време на војната во Босна и Херцеговина (1992–1995), е осуден на доживотен затвор поради геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите за водење војна.

Адвокатите на Младиќ наведуваат дека му остануваат само неколку месеци живот, и дека поради ваквата состојба нема ризик од бегство. „Ограничениот животен век е суштинско хуманитарно прашање кое мора да биде приоритет“, се додава во поднесокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1599.- Роден е шпанскиот сликар Диеро Родригес де...

1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј,...

1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која...