Давале над сто евра за лаги за подобар живот

- Се надевам дека ниту еден од 400 млади Албанци кои од Бујановац и Прешево заминаа да бараат азил во Белгија нема да биде кривично гонет, бидејќи тоа сосема сигурно ќе ја влоши состојбата во регионот на југот на Србија и ќе предизвика нови тензии, оценува за „Данас“ претседателот на бујановачката општина Шаип Камбери.

Тој тврди дека добил уверување од локалните претставници на МВР на Србија, дека ниту еден од лажните азиланти нема да биде кривично процесуиран, иако кај тие кои се враќаат постои страв од законски санкции.

Меѓутоа, Камбери не ја исклучи можноста кривична постапка да се покрене против организаторот на патувањето во Белгија, една агенција од Куманово и нивните соработници, кои на Албанците од југот на Србија им „гарантирале“ дека ќе добијат политички азил ако им платат од 300 до 400 евра.

- Се работи главно за млади луѓе кои поради тешката економска состојба наседнаа на лаги, а тоа скапо ги чинеше. Ние го предупредувавме населението дека визната либерализација не подразбира и добивање на политички азил, во кое многумина не поверуваа, па се случи тоа што се случи - вели Камбери.

Молчеливиот Рагми Мустафа, претседател на општина Прешево

- За тоа ништо не знам, му изјави кусо Мустафа на новинарот од „Данас“, одбивајќи да ни даде било каков коментар на прашањето кој и како ги убедил Албанците од неговата општина да побараат азил во Белгија.

Албански извори за „Данас“ на југот на Србија потврдија дека патот за Белгија го организирала агенција од Куманово. Таа обезбедила и документи кои требале да бидат „гаранција“ за добивање политички азил. За таа услуга младите Албанци плаќале од 300 до 400 евра. Човек од една кумановска агенција престојувал во Бујановац и Прешево собирајќи пари и „подготвувајќи документи“, со гаранции дека „секој кој ќе појде со него има шанси да добие политички азил“.

Бидејќи се работи за лица од сиромашни семејства, имало случаи каде ги продавале своите автомобили, бела техника и друг подвижен имот, но за среќа не ги продавале куќите и становите, како што објавија некои белградски медиуми, наведува албански извор за „Данас“. Повеќето од тие кои се пријавиле за пат биле сосем сигурни дека ќе успеат да добијат азил во Белгија со новите српски биометриски пасоши и документи кои им ги обезбедила агенцијата од Куманово, па биле организирани и семејни свечености „во чест на идниот подобар живот“. Од полицијата на југот на Србија за сега нема податоци за евентуална истрага против тие кои за парична противвредност на Албанците им организирале патување во лажен „подобар живот“.

Брингеус: Азил во Шведска бараат 770 луѓе од Србија

Моментално во Шведска се наоѓаат 770 државјани од Србија, од кои повеќето се Роми, кои бараат политички азил - вели за „Данас“ шведскиот амбасадор во Белград Кристер Брингеус. Како што истакнува тој, никој од нив нема да добие азил и сите по итна постапка ќе бидат вратени во Србија и тоа следните неколку дена.

- Сите 770 лица допатувале во Шведска во изминатите два месеца, што е еднакво на бројот на лица кои во текот на целата ланска година дошле во оваа земја. Многу сме загрижени поради оваа ситуација. Апелираме на тие кои сакаат да ја напуштат Србија и да бараат азил во Шведска, да не го прават тоа, бидејќи ќе бидат вратени, потенцира Брингеус.

Шведскиот амбасадор предупредува дека визната либерализација не е исто со работна дозвола.

- Со укинувањето на шенгенските визи се создаде можност за патување во земјите членки на ЕУ на три месеци во тек на една година. Тоа никако не смее да значи барање азил, од економски, социјални или било кои други причини, наведува Брингеус.

(Данас - Белград)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шанкер ја прашува келнерката:
- Зошто касниш?
- Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...