Белград заговара идеја за размена на територии

Приштина, 29 јуни 2010 (МИА) - Приштинскиот весник „Зери“ денеска објави дека Белград заговара размена на територии и дека таквата идеја е отфрлена од претставниците на косовската Влада.

Повикувајќи се на дипломатски извори, „Зери“ тврди дека властите во Белград сакаат размена на територии од северниот дел на Косово со подрачјето околу Прешево и екстериторијалност за православните манастири.

Косовскиот заменик-премиерот Хајредин Кучи во изјава за приштинскиот весник вели дека размената на територии меѓу Косово и Србија не е реална, нагласувајќи дека Косово има своја територијална целина, дефинирана во Уставот и меѓународните акти.

- Косово не е заинтересирано да влезе во таков вид на трговија. Исто така треба да бидеме свесни дека секој почеток на размена на територии нема да претставува само една и единствена точка или во најмала рака нема да се случи само на Косово. Искуствата покажуваат дека таквите постапки предизвикуваат кризи кои траат со години. Најдобро решение е влез во Европската Унија на сите земји од регионот, изјави Кучи.

Според него, оваа идеја нема да биде опасна само за Косово, туку и за целиот регион бидејќи таа нема ниту да почне ниту да заврши со на Косово.

Претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи смета дека отворање на прашањето за промена и поместување на границите е отварање на „Пандорината кутија“ и прашање за кое би се знаел почетокот, но не и крајот.

- Меѓународното признавање на Косово се случи за овие граници и можеби во  блиска иднина, доколку се подобрат односите со Србија би можело да се водат разговори на оваа тема, додаде Красниќи.

Красниќи смета дека отворањето на тоа прашање не е во интерес на Косово и регионот, како и на останатите народи кои имаат тенденција за влез во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката о прашува Трпе:
- Кој го напиша "Војна и Мир"?
- Не знам учителке, не сум јас.
- Оваа лута му пишува единица, оди кај директорот да му се пожали.
- Замислете оној...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков,...
1963.- Катастрофален земјотрес го разурна...
1996.- Република Македонија стана потписничка на...
1996.- Република Македонија и Европската унија...