Судот ќе го соопшти мислењето за независноста на Косово

Хаг, 22 јули 2010 (МИА) - Меѓународниот суд на правда денеска ќе го соопшти своето мислење за легалноста на прогласувањето независност на Косово.

Мислењето се соопштува врз основа на барањето на Генералното собрание на Обединетите нации кое во октомври 2008 година усвои резолуција со која се бара советодавно мислење.

Читањето на мислењето почнува во 15 часот во зградата на судот во Хаг и на него ќе присуствуваат претставници на Белград, Приштина и амбасадори на земјите кои учествуваа во јавната расправа.

Центарот за европски студии на Универзитетот во белгискиот град Гент и  приштинскиот Институт за истражување вчера објавија заедничка анализа според која Меѓународниот суд на правдата има три опции, од кои две би биле во интерес на Приштина, а едно на Белград.

Според авторите на анализата, првата опција е Судот да оцени дека прогласувањето на независноста на Косово била во согласност со меѓународното право, втората Трибуналот да не се изјасни по ова прашање со образложение дека во меѓународниот правен систем нема норми кои се однесуваат на прогласувањето независност, и третата да оцени дека косовската независност не е во согласност со меѓународното право.

Приштинските весници оценуваат дека доколку Судот се реши за една од првите две опции тоа би било позитивно за Приштина, додека третата би ги потврдила ставовите на Белград.

Сепак, според медиумите, дури и Судот да ја прогласи косовската независност за нелегитимна Приштина би можела да ја оспори таквата одлука со образложение дека Трибуналот не решавал за тоа дали постоењето на државата Косово не е во согласност со меѓународното право, ниту дека нејзините признавања се неважечки.

По повод денешната одлука на Судот, за Хаг вчера замина косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени, кој денеска ќе присуствува на објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата.

Неговиот советник Ќерим Ќерими изјави дека Хисени е внимателен оптимист во врска со одлуката на Судот, додавајќи дека Приштина е подготвена за нови чекори во зависност од околностите што ќе се случат по утрешната судска одлука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...